Пригожин ја одбил понудата на Путин за интегрирање на членовите на „Вагнер“ во руската армија

July 14, 2023
1 min read

Иако голем број на команданти на руската армија го поддржале планот за Евгениј Пригожин да командува со единица во армијата составена од платеници во „Вагнер“, сепак Пригожин одговорил негативно, со оправдување дека неговите платеници не се согласуваат со оваа одлука

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за прв пат говореше за средбата со Евгениј Пригожин која се случила пет дена по неуспешниот пуч на приватната платеничка група “Вагнер”. Тој кажа дека му доставил понуда на Пригожин, тој и неговата армија да се приклучат на руската армија – понуда која била позитивно прифатена и од неговите команданти во армијата, но Пригожин експресно ја одбил понудата.

“Пригожин одговори на предлогот дека неговите момци не се согласуваат со таквата одлука, иако многу офицери на Вагнер кимнуваа со главите додека зборував за предлогот на состанокот”,

рече Путин.

Членовите на „Вагнер“ сега обучуваат војници во Белорусија, каде што се од крајот на бунтот против руските сили на 24 јуни, соопшти денеска Министерството за одбрана во Минск. Министерството објави видео на кое наводно се гледа како припадници на „Вагнер“ тренираат белоруски војници на воен полигон во близина на градот Осиповичи, 90 километри југоисточно од главниот град Минск.

Путин воедно денеска кажа и дека приватната платеничка група „Вагнер“ законски не постои бидејќи во Русија нема закон за приватни воени организации, јавуваат руските медиуми.

„’Вагнер’ не постои. Не постои закон за приватни воени организации. Групата правно не постои“,

истакнал Путин за „Комерсант“.

Тој посочил и дека на руската влада и парламентот е да разговараат за правната рамка за приватните воени формации.

Инаку, за потсетување, за време бунтот во јуни, трупите на „Вагнер“ неколку часа окупираа руски воен штаб во јужна Русија и патуваа неколку стотици километри кон Москва. Бунтот заврши со договор кој предвидуваше заминување на Пригожин во Белорусија.

Путин им понуди на борците на Пригожин да им се придружат на редовните руски трупи, да одат во Белорусија или да се демобилизираат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СААТ-КУЛАТА ВО БИТОЛА ПРОГЛАСЕНА ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ

Следно

Доколку се спроведат уставните измени, нема да има можност за вето, вели евроамбасадорот Дејвид Гир

Latest from Blog

Иран: 35 бродови поминаа низ Ормускиот теснец со дозвола од Револуционерната гарда

Иранската Револуционерна гарда објави дека десетици бродови минуваат низ теснецот со нивна дозвола, додека висок функционер на Обединетите Арапски Емирати предупреди на сериозните последици од можната иранска контрола врз овој клучен воден

Вартоломеј: Не постои света војна, дури и кога некој ја нарекува така за да и угоди на власта

„Новото создание што ни го дарува воскреснатиот Господ не остава место за омраза и непријателство, туку само за љубов — љубов без граници, сочувство и разбирање. По тоа сите ќе познаат дека

Андрес Иниеста ја стартуваше тренерската кариера

Легендарниот шпански репрезентативец и интернационалец, Андрес Иниеста ја започнува неговата тренерска кариера. Според последните информации, Иниеста започнува од Блискиот исток, односно од тимот на Гулф Јунајтед од Дубаи во Обединетите Арапски Емирати.

ВЛЕН: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме

Според анкетата спроведена од STRATUM RID, доколку денес се одржат избори, ВЛЕН би бил првата политичка сила во албанскиот политички блок, оставајќи ја ДУИ зад себе. На прашањето „За кого би гласале

Берзанскиот индекс МБИ10 се намали за 6,31 поени, промет над 10,6 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 22.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.802,04 поени, со дневен пад од 0,06%, односно 6,31 поени,
Go toTop