Урбаното насилство Франција ја чинеше околу 650 милиони евра

July 11, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Штетите предизвикани за време на протестите поради убиството на 17-годишно момче од страна на полицијата Франција ја чинеше околу 650 милиони евра, пренесува Анадолу.

Вкупно 11.300 штети беа пријавени по протестите на 27 јуни, се вели во соопштението на француската Федерација на осигурители.

„Вкупната цена на штетите достигнува до 650 милиони евра: штетите на имотот поврзан со работа претставуваат 55 отсто, а оние на имотот на локалните заедници се 35 отсто“, се вели во соопштението.

Протести ја потресоа Франција кон крајот на минатиот месец, кога полицаец смртно го застрела Нахел М., 17-годишно момче од алжирско потекло, за време на сообраќајна контрола откако тој, наводно, ги игнорирал наредбите да застане во париското предградие Нантер.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Франција по убиството на Нахел.

Запалени се возила и јавни згради, вклучително градски сали и училишта, а полицијата уапси 4.000 луѓе, главно, тинејџери, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин во Сенатот минатата недела.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Експерти за криминалистички вештачења од Скопје ќе ги утврдуваат причините за пожарот во кумановскиот суд

Следно

Ковачевски се обрати пред почетокот на Самитот на НАТО во Вилнус

Latest from Blog

Лондон утре ќе „експлодира“: Десничарите, антифашистите и Палестинците излегуваат на улиците

Собирот на поддржувачите на Томи Робинсон, закажан за утре во Лондон, ќе ги собере британските крајнодесничарски групи и христијанските националисти, додека пропалестинскиот митинг на Денот на Накба ќе се одржи истиот ден,

Пад од 30 отсто на новороденчињата за една деценија

Македонија за десет години изгубила речиси една третина од новороденчињата. Според најновите демографски податоци за 2025 година, во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред една деценија бројот изнесувал околу 23.000.

Поранешните претседатели — државници во сенка или јавни актери? Црвенковски тивок, Иванов активен, Пендаровски критичен

Поранешните претседатели на Македонија по завршување на мандатите најчесто се повлекуваат од директната политика, но нивната јавна активност значително варира – од целосна тишина, до работа преку фондации и настапи на меѓународни
Go toTop