(ВИДЕОАНКЕТА) Од сметот скопјани не си го препознаваат Скопје

July 10, 2023
1 min read

„360 степени“ направи анкета во две скопски општини – Аеродром и Чаир. Сите анкетирани одговорија дека утринава пред нивните згради сметот не било исчистено

Хаос, катастрофа, без коментар. Ова се најчестите одговори кои ги добивме од граѓаните на нашето прашање – што мислат за ситуацијата во главниот град по комуналниот колапс.

„360 степени“ направи анкета во две скопски општини – Аеродром и Чаир. Сите анкетирани одговорија дека утринава пред нивните згради сметот не било исчистено.

Повозрасна граѓанка од Општина Аеродром ни кажа дека се двоуми дали да ја плати сметката за комуналии овој месец.

„Плаќање овој месец не треба да има. На што личи градот? Дали не смрди? Гледајте што дишиме. Како градоначалничката вика сите се губриња? Имаме ѓубриња и во луѓето, точно, меѓутоа, ова не било досега никогаш во Македонија“,

рече таа.

„Граѓаните цехот го плаќаат. Кадешто не е исчистено смрди, не можеш да поминеш од контејнерите. Што да правиме? Што можеме ние да направиме? Нема каде да се обратиш, ме веруваш?“,

кажа друг граѓанин – жител на Општина Чаир.

„Без коментар“,

кусо ни одговори трет граѓанин.

Сепак, скопјани различно гледаат на изворот на проблемот што доведе до комуналниот хаос, oткако вработените во „Комунална хигиена“ од 7 јули го блокираа претпријатието и не го собираа сметот. Тие побараа оставка од директорката Косана Мазнева Николиќ поради отпуштања на дел од нивните колеги. Дополнително, се бара зголемување на платите, исплата на К-15 и бенефициран работен стаж.

„Не смее да има вработен којшто не доаѓа на работа и којшто по некоја основа заснова работен однос, меѓутоа не се појавува перманентно, подолго време на работа. Значи тоа н сме да биде пракса во Македонија. Затоа сме толку назадни, затоа сме таму кадешто сме“,

„Луѓето си ја знаат нивната работа, можеби се во право“,

„Има и добри и лоши (вработени н.з.). Има навистина некои што навистина работат и некои што малку забушаваат“,

велат анкетираните граѓани за „360 степени“.

Инаку, денеска повторно контрадикторни информации околу тоа дали претпријатието е блокирано или не.

Градоначалничката Данела Арсовска на својот фејсбук-профил се пофали дека екипите на „Комунална хигиена“ се на терен и дека градот се чисти. Според неа, состојбата во претпријатието е нормализирана.

Но, денеска во дворот на претпријатието затекнавме друга слика. Вработените продолжуваат со протестот, за кој велат дека трае веќе неколку дена.

За понатамошните чекори на вработените најверојатно ќе се разговара и на средбата со претставници од Сојузот на синдикати на Македонија која е закажана за денеска напладне. Вчера токму ССМ им даде поддршка на вработените.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Американските касетни бомби немало да бидат толку касетни како руските

Следно

Шефовите на турската и американската дипломатија Фидан и Блинкен разговараа за Самитот на НАТО

Latest from Blog

Се предлагаат законски измени за статусот на верските училишта кои се антиуставни и спротивни на секуларноста

До редакцијата на Рацин.мк стигнаа коментари од релевантни образовни институции кои реагираат на иницијативата за измени и дополнувања на Законот за средно образование. Според она што е најавено, со оваа иницијатива се

И 41-от обид за конституирање на собранието на Косово заврши неуспешно

Конститутивната седница на собранието на Косово денеска беше прекината по 41-ви пат, откако повторно не беше усвоен предлогот на Самоопределување гласањето за избор на претседател на собранието да биде тајно. Демократскиот сојуз

Швајцарска нуклеарна централа целосно исклучена поради жешко време

Повеќе од 50 години старата швајцарска нуклеарна централа Безнау, лоцирана близу германската граница, го исклучи својот втор реактор поради високите температури. Исклучувањето нема никаква врска со безбедноста на реакторите, туку е поврзано

Една година Министерство за дигитална транформација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски  одржа брифинг со новинарите по повод една година од формирањето на министерството. Андоновски ги презентираше постигнувањата на министерството во изминатата година, а се презентираа и плановите

Турција најостро го отфрли повикот на израелските претставници за анексија на Западниот Брег

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција денес ги отфрли „на најостар начин“ изјавите на израелските политичари и министри од Кабинетот што повикуваат на анексија на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу. Ваквите изјави се јасен
Go toTop