Вучиќ вели дека тој и Еди Рама се пример дека Србите и Албанците можат да одат напред и да соработуваат

July 7, 2023
1 min read

По една деценија молк во односите помеѓу Србија и Албанија, би рекол дека токму јас и Еди Рама започнавме да го менуваме лошото политичко наследство и мислам дека во последните години со конкретни резултати покажуваме дека Србите и Албанците може да одат напред и да соработуваат, рече српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Белград

Доколку се погледнат бројките и нивото на трговска размена во периодот 2019-2020г. ќе видите колку значително е зголемена нашата соработка, увозот и извовот од едната во другата земја. За сето тоа можеби е заслужен и „Отворен Балкан“ но и подобрените политички односи, кажа Вучиќ. Тој го поздрави процесот на ангажирање на Албанија за регионалните прашања но и Берлинскиот процес и кажа дека секогаш ќе подржува активности кои се за доброто на регионот со што ќе се зголеми и подобри соработката и процесот на помирување по наследените проблеми од минатото.

„Ќе се заложиме за реализација на плановите за регионалниот пазар и знам дека Рама ќе ја вложи својата енергија за периодот кој ни претстои. Што се однесува до „Отворен Балкан“, ние заедно со Албанија ја почнавме оваа иницијатива и таа ни донесе корист за сите наши граѓани, и понатаму ќе може да донесе подобар стандард за сите наши граѓани“,

рече Вучиќ.

Кога станува збор за Косово, српскиот претседател кажа дека со албанскиот премиер разговарале за нивните гледишта на моменталната ситуација, но кажа дека не би било фер за тоа да коментира пред Рама и дека тоа прашање ќе го остави за српската и косовската страна.

Рама пак, изјави дека никој не би требало да го потцени ризикот од ескалација на тензиите и се надева дека нема да дојде до ситуација кога одредени наоружани движења би ги преземале работите во свои раце, бидејќи тоа би ги довело двете земји во ситуација како што е регионот Донбас, односно формирање на територија во регион која би направила проблеми од незамисливи размери од која ќе нема враќање назад.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ верува дека Мбапе веќе се има договорено со Реал за беспари да се пресели во Мадрид

Следно

Испраќањето касетни бомби е тешка одлука, но потребни ѝ се на Украина, вели Бајден

Latest from Blog

Божиновска: Со Бугарија отвораме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Белград оствари билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова, во рамки на Вториот министерски самит на Македонија, Бугарија, Грција и

6,2 милиони денари промет на берзата: Алкалоид и Комерцијална банка во фокусот

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 06.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.997,17 поени. Во однос

Коњановски: Просторниот план е важен за иднината на Битола и Пелагонискиот регион

Во Битола денеска се одржа регионална јавна расправа по Нацртот на Просторниот план на Република Македонија до 2040 година, со посебен акцент на Пелагонискиот плански регион. Јавната расправа се одржа во салата
Go toTop