Лабораториското тестирање покажа дека супстанцата пронајдена во Белата куќа е кокаин

July 5, 2023
1 min read

Лице запознаето со случајот соопшти дека супстанцата е пронајдена на приземјето на западното крило на Белата куќа. Ова место го поминуваат голем број на луѓе, особено за време на викендите, кога се организираат тури низ Белата куќа, а посетителите, заедно со персоналот, имаат можност да направат обиколка на комплексот. Кокаинот е пронајден во близина на местото каде што посетителите ги оставаат своите мобилни телефони

Лабораториското тестирање на примерокот од белата прашкаста материја, која во неделата беше пронајдена во Белата куќа, покажа дека се работи за кокаин, изјави портпаролот на Тајната служба за Си-ен-ен.

Прелиминарните теренски тестирања покажаа дека се работи за кокаин, но примерот од супстанцата беше испратен на понатамошно испитување за да се утврди за каква точно материја се работи. 

Лице запознаето со случајот, кое го цитира Си-ен-ен, соопшти дека супстанцата е пронајдена во близина на влезот на приземјето на западното крило на Белата куќа.

Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / ABACA

Ова место го поминуваат голем број на луѓе, особено за време на викендите, кога се организираат тури низ Белата куќа, а посетителите, заедно со персоналот, имаат можност да направат обиколка на комплексот. Гостите поминуваат низ безбедносен преглед пред да влезат во Белата куќа, а потоа од нив се бара да ги остават своите телефони непосредно пред да влезат во западното крило на комплексот.

Кокаинот е пронајден во близина на местото каде што посетителите ги оставаат своите мобилни телефони.

Засега не е познато кој ја оставил дрогата, спакувана во мала кеса со патент, а Тајната служба ги проверува снимките од видеонадзорот да го открие идентитетот на лицето кое ја оставило супстанцата во Белата куќа.

По пронаоѓањето на материјата во неделата вечерта, Белата куќа беше привремено евакуирана.

Претседателот Џо Бајден не бил во комплексот во моментот кога бил пронајден кокаинот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Светот го регистрира 3 јули како најтоплиот ден во историјата на мерењата

Следно

Сите знаат дека Елмас е вонсериски талент за фудбал, а само малкумина дека Елиф е роден ММА борец: Волшебник на теренот, „ѕвер“ во октагонот! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop