Светот го регистрира 3 јули како најтоплиот ден во историјата на мерењата

July 5, 2023
1 min read

Просечната глобална температура на 3 јули достигнала ново највисоко ниво, односно 17 Целзиусови степени. Оваа температура, според експерти од областа, е највисоката просечна температура што е измерена од почетокот на сателитскиот мониторинг од 1979 година, а најверојатно е и највисоката од крајот на 19 век, од кога се прават инструментални мерења

Понеделникот, 3 јули 2023 година, е забележан како најтоплиот ден на планетата Земја во историјата на мерењата на температурата. Просечната глобална температура на 3 јули достигнала ново највисоко ниво, односно 17 Целзиусови степени, надминувајќи го рекордот од 16,9 степени измерени во август 2016 година.

Фото: МИА

Оваа температура, како што објави Би-би-си, цитирајќи експерти од областа, е највисоката просечна температура што е измерена од почетокот на сателитскиот мониторинг од 1979 година, а најверојатно е и највисоката од крајот на 19 век, од кога се прават инструментални мерења на температурата.

Екстремната топлина се должи на комбинацијата на временскиот феномен Ел Нињо и тековните емисии на јаглерод диоксид предизвикани од човекот. Експертите веруваат дека во наредните месеци просечната температура ќе достигне нови рекорди поради јакнењето на Ел Нињо.

„Просечната глобална температура на површинскиот воздух достигнува 17 Целзиусови степени по првпат откако имаме достапни доверливи податоци и е значајна пресвртница во нашиот свет кој се загрева. Но, сега кога започнува потоплата фаза на Ел Нињо, можеме да очекуваме многу повеќе дневни, месечни и годишни рекорди кои ќе се соборат во следните година и пол“,

вели климатскиот истражувач Леон Симонс, кого го цитира Би-би-си.

Минатиот месец беше потврден и како најтоплиот јуни на глобалниот рекорд.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Комити“ имаат амбициозен план за спас на Вардар: Сакаме да собереме 500 илјади евра

Следно

Лабораториското тестирање покажа дека супстанцата пронајдена во Белата куќа е кокаин

Latest from Blog

Коњановски: Со амбасадорката Гетцова разговаравме за збратимување со чешки град

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Македонија, Ирена Гетцова, на која разговарале за продлабочување на соработката во економијата и културата, како и за

Позитивен ден на Македонската берза: Раст кај Алкалоид, Макпетрол и Комерцијална банка

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,37 отсто, најголем промет со акциите на Алкалоид Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската

Божиновска: Чистата енергија и новите технологии во фокусот на лидерскиот дијалог во Брисел

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, добила покана да стане членка на Управувачкиот комитет на новата европска Мрежа на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања. Таа најави
Go toTop