Макрон размислува да ги контролира социјалните мрежи за да спречи немири

July 5, 2023
1 min read

Преку социјалните мрежи се организираа насилни собири, рече тој. Макрон посочи дека сега, за управувањето со социјалните медиуми, мора да се размислува мирно

Францускиот претседател Емануел Макрон размислува да ги блокира онлајн медиумите за да се бори против понатамошните немири во Франција. Неопходно е да се размислува за тоа како младите луѓе кои протестираат ги користат социјалните мрежи и за можните забрани, рече Макрон во вторникот на средбата со градоначалниците во Париз.

„И ако работите излезат од контрола, можеби ќе треба да се ставите во позиција да ги регулирате социјалните мрежи или да ги затворите. Тоа дефинитивно не треба да се прави во самиот жар на моментот и мило ми е што не моравме тоа да го направиме“,

рече Макрон.

Претседателот во петокот ги обвини социјалните мрежи за ескалацијата на насилството за време на протестите против полициската бруталност.

Преку социјалните мрежи се организираа насилни собири, рече тој. Макрон посочи дека сега, за управувањето со социјалните медиуми, мора да се размислува мирно.

„Затоа што кога ќе стане инструмент за собирање или обид за убиство, тоа е вистински проблем“,

додаде францускиот претседател.

Во меѓувреме, во северна Франција, граничните контроли со Белгија беа засилени за да се запре увозот на пиротехнички средства, објави весникот „Паризиен“ во вторникот вечерта, цитирајќи префектура во областа. Целта е да се спречат бунтовниците да се снабдуваат со пиротехнички средства.

Луѓе со пиротехнички средства веќе се запрени од двете страни на границата. Префектура во северна Франција нареди забрана за продажба и носење пиротехнички средства и бензин во канистри до средината на јули.

Од смртта на 17-годишниот Нахел, кој беше убиен од полицаец за време на сообраќајна контрола во вторникот минатата недела, Франција ја потресуваат сериозни немири – грабежи, палење и жестоки судири меѓу полицајците и бунтовниците. Полицаецот кој го застрела младиот човек е под истрага поради сомнение за убиство од небрежност.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трагедија во семејството на Владимир Волков, фудбалерот скршен од болка

Следно

Диниз: Ми се оствари сонот да бидам селектор на Бразил

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop