Невреме во западна Србија, поплавени улици и објекти

July 4, 2023
1 min read

Силно невреме пропратено со дожд, грмежи и ветер денеска попладнево зафати делови на западна Србија.

Обилен дожд наврна во Ужице и околината, поплавени се сообраќајните патишта, приодите до некои згради, а и земјоделските поседи се под вода. Проблеми во Ужице предизвика и Коштичкиот поток кој се излеал по силниот дожд кој паѓаше повеќе од два часа. Причинета е и значителна материјална штета на поплавените објекти.

Жителите на околните села накратко останале и без струја.

Погоден е и Чачак и околината, некои од улици се целосно под вода, а почнале да се излеваат и шахти, јавуваат српските медиуми.

Ветерот за малку ќе ги одвеал и оранжериите во селата околу Чачак, па земјоделците се загрижени за овошките и градинарските култури кои се стасани за берба и во кои инвестирале во текот на годината.

Поплавен е и Прибој, каде раскрсниците се под вода.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Невреме во западна Србија, поплавени улици и објекти

Следно

Конфискуваниот имот на Мијалков оди на лицитација

Latest from Blog

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго
Go toTop