Лапорта: Се сретнав со бизнисмен од Катар кој е заинтересиран да вложи во Барселона

July 3, 2023
1 min read

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта кажа дека одлетал во Катар за да преговара со еден од локалните бизнисмени.

– Патувањето во Катар? Економијата на клубот е во тешка состојба и има некои пазари кои не можеме да ги заборавиме. Запознав бизнисмен од Катар кој е заинтересиран да инвестира во Барселона, изјави Лапорта за „Мундо Депортиво“.

Каталонскиот фудбалски гигант се соочува со сериозни финансиски проблеми, но се обидува да користи нестандардни решенија за да потпише со нови играчи.

Таков е случајот со фудбалерот од средниот ред Илкај Гундоган кој се приклучи во летниот преоден рок како слободен играч.

Исто така, голем број медиуми пишуваат дека наскоро на тимот ќе му се приклучат Арда Ѓулер од Фенербахче и Витор Роке од Атлетико Паранаенсе.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца Палестинци загинаа во израелски напад на Западниот Брег

Следно

Франција: 157 лица приведени за време на протестите поради полициското убиство на тинејџер

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop