Мицкоски: Работиме за сигурна иднина, 225 милиони денари капитални инвестиции во Штип и изградба на 3 катни гаражи во вредност од 30 милиони денари

January 18, 2023
1 min read

За само една година ја сменивме сликата за Штип. Покажавме како треба да изгледа општина отворена за граѓаните и да одговара на реалните потреби на сограѓаните, изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов во видео обраќањето во кампањата „Промени на дело“.

Јорданов вели дека само во 202та година се реализирани 120 милиони денари инвестиции, а со истото темпо домаќинско, чесно и одговорно работење продолжува и во 2023тата година.

Оваа година уредивме градежно земјиште во висина од 62 милиони денари, 15 милиони вложивме во водовод и канализација, 43 милиони денари за одржување и реконструкција на локални патишта и улици, или вкупно 120 милиони денари инвестиции во 2022 година. Ако во првата година реализиравме многу напластени проблеми, во 2023тата година ќе продолжиме со уште поголем интензитет. Со новиот буџет кој го креиравме согласно барањата на народот ќе биде година на многу решени проблеми и капитални инвестиции, рече тој.

Јорданов додаде дека во 2023та година се предвидени голем број на капитални инвестиции, односно изградба на нови игралишта и паркинзи, реконструкција на локални улици и обезбедување на брз јавен превоз, како и вложување на 30 милиони денари во развојни програми.

За Штип оваа година предвидовме огромен број на капитални инвестиции. Ќе продолжиме со унапредување и уредување на градежното земјиште. 30 милиони денари вложуваме во развојни програми, 30 милиони денари за нови игралишта и паркинзи, а ќе продолжиме и со реконструкција на локални улици и брз модерен јавен превоз. Среќен сум што проектот кој што го предложија нашите сограѓани за продолжување на булеварот „Партизанска“ успеавме да го вградиме во новиот буџет. Благодарен сум за ангажманот и вклученоста на штипјани, многу од дадените предлози и идеи оваа година ќе станат реалност. Домаќински, чесно и одговорно работевме, а така и ќе продолжиме, истакна Јорданов.

И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање до граѓаните нагласи дека промените се случуваат уште првата година од мандатот на градоначалникот Јорданов.

Покажавме дека има надеж и дека промените се случуваат уште во првата година. Не се служиме со изговори, ниту бараме оправдувања како што тоа го прави владата, туку преку дела за народот создаваме мали промени кои се патот до големи победи, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски порача дека оваа година ќе се реализираат 225 милиони денари за капитални инвестиции, а конечно ќе се реши проблемот со кој се соочуваат штипјани и ќе се започне со изградба на три катни гаражи во вредност од 30 милиони денари.

Изминатата година во општина Штип се инвестираа повеќе од 120 милиони денари за најразлични проекти во сите области. Оваа година само за капитални инвестиции ќе се реализираат повеќе од 225 милиони денари, а конечно ќе се отпочне со изградба на три катни гаражи во вредност од 30 милиони денари. И тоа значително ќе го намали проблемот со кои штипјани се соочуваат долго време. Време е за луѓе кои си држат до зборот. За остварување на сонот и за надеж која ќе донесе сигурна иднина, дециден е Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мафијашкиот „дон“ Матео Месина Денаро е префрлен во затвор со максимална сигурност

Следно

Со употреба на физичка сила и удари, ја принудил на сексуални односи: 24- годишен скопјанец осомничен за силување

Latest from Blog

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора

Во Преспанско Езеро кај селото Наколец откриен редок органски материјал

НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам Љубојно, во рамки на проектот ACT4PRESPA ги реализираа првите подводни археолошки истражувања во Преспанско Езеро и со цел

Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро. Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон
Go toTop