Унгарија го одложува гласањето за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

June 28, 2023
1 min read

Пратеничката од опозициската Демократска коалиција, Агнес Видаи на Фејсбук напиша дека унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес нема да закажат гласање за прием на Шведска за време на последната пролетна сесија следната недела

Унгарскиот Парламент денеска ја одложи ратификацијата на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО до нејзината есенска седница, што значи дека нордиската земја нема да се приклучи на Алијанса пред или за време на Самитот на НАТО во јули.

Пратеничката од опозициската Демократска коалиција, Агнес Видаи на Фејсбук напиша дека унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес нема да закажат гласање за прием на Шведска за време на последната пролетна сесија следната недела.

Високи унгарски претставници изјавија дека го поддржуваат влезот на Шведска во алијансата, но поставија нејасни барања до Стокхолм како услов за прием.

Во март Унгарија испрати делегација во Шведска и Финска за да ги реши „политичките спорови“ кои предизвикаа сомневања кај некои пратеници на Фидес дали да ги поддржат нивните апликации за НАТО.

Владата на Орбан тврди дека шведските политичари кажуваат „чисти лаги“ за состојбата на демократијата во Унгарија, што, според него, оставило некои пратеници несигурни дали да ја поддржат кандидатурата за пристап.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година, напуштајќи ја долгогодишната политика на воено неврзување по руската инвазија на Украина. Барањето за членство мора да биде одобрено од сите земји на НАТО.

Турција го ратификуваше членството на Финска во НАТО на крајот на март, но и понатаму се противи на приемот на Шведска, тврдејќи дека во Шведска има пристаништа на милитантни групи кои Турција ги смета за терористички.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шолц: Не треба да има нови условувања за С Македонија на патот кон ЕУ, за тоа јас гарантирам

Следно

Во поголемиот дел од САД загаден воздух поради пожарите во Канада

Latest from Blog

Украински беспилотни летала погодија пристаниште и складиште за нафта во јужна Русија

Гувернерот на регионот Ростов, Јуриј Сљусар, напиша на Телеграм дека пожарите врз танкерот и во пристаништето Таганрог, град со околу 240.000 жители, се изгаснати и не се пријавени излевања на нафта. Две

МОН: Левица манипулира со ревизорски извештај од 2023 година и ја доведува јавноста во заблуда

Министерството за образование и наука (МОН) реагираше на соопштението на политичката партија Левица, обвинувајќи ја дека манипулира со информации и ја доведува јавноста во заблуда преку погрешно толкување на ревизорски извештај за

Адвокатот Туфегџиќ: Лиценцата од 2012 не се однесува на „Пулс“, бара ревизија на обвинението

Адвокатот Владимир Туфегџиќ оценува дека доказот кој го презентира Обвинителството во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“ во Кочани, односно лиценца издадена во 2012 година, не се однесува на објектот каде што се

Коњановски: Битола прераснува во препознатлив велоград

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, преку видео разгледница ги претстави современите велосипедски патеки и урбаните содржини во градот, истакнувајќи дека Битола сѐ повеќе го оправдува епитетот „велоград“. Во објавата, Коњановски посочи дека
Go toTop