Путин потврди дека руски пилоти загинале за време на бунтот на „Вагнер“

June 27, 2023
1 min read

Засега нема официјални информации за тоа колку пилоти загинале или колку авиони биле соборени

ФОТО: Твитер OSINTtechnical

Рускиот претседател Владимир Путин во вчерашниот говор им оддаде почит на пилотите кои загинале за време на бунтот на „Вагнер“. На тој начин, тој потврди дека руските пилоти загинале во борба додека групата платеници на „Вагнер“ марширала кон Москва.

Во синоќешното обраќање на Путин преку државната телевизија, што беше негово прво јавно појавување по вооружениот бунт во саботата предводен од водачот на платениците Евгениј Пригожин, ги потврди извештаите на социјалните мрежи дека силите на „Вагнер“ собориле руски авиони во борбите.

Заблагодарувајќи им се на рускиот народ, војниците, органите на редот и безбедносните служби што останале обединети за да ја заштитат татковината, Путин рече дека тоа покажува оти Русија нема да подлегне на „никаква уцена, каков било обид за создавање внатрешни превирања“.

Тој рече дека непријателите на Русија сакале да ја видат земјата „да се гуши во крвави граѓански судири“.

„Храброста и самопожртвуваноста на паднатите херои-пилоти ја спасија Русија од трагични разорни последици“,

рече Путин, додавајќи дека бунтот го загрозува самото постоење на Русија и оние што стојат зад него ќе бидат казнети.

Засега нема официјални информации за тоа колку пилоти загинале или колку авиони биле соборени.

Некои руски телеграмски канали кои ја следат руската воена активност, вклучително и блогот Рибар со повеќе од милион претплатници, во саботата објавија дека 13 руски пилоти биле убиени во текот на целодневниот бунт. Меѓу соборените летала биле три хеликоптери „ми-8 МТПР“ и еден авион „ил-18“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Шест децении по разорниот земјотрес во Скопје Сеизмолошката опсерваторија работи во невозможни услови

Следно

Путин: Сите мои инструкции во текот на бунтот беа со цел да се избегне крвопролевање

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и

Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март.

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, ученици од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски. Знамето е едно од трите
Go toTop