Путин обвини дека Западот и Киев сакале Русите да се убиваат едни со други

June 26, 2023
1 min read

Во своето обраќање, кое го пренесува Би-би-си, Путин кажа дека највисоката консолидација на општеството, извршната и законодавната власт во Русија била покажана на сите нивоа, а граѓанската солидарност покажала оти секоја уцена или обид за организирање внатрешни немири во Русија се осудени на пропаст

Западот и Украина сакаат Русите да се убиваат едни со други, обвини рускиот претседател Владимир Путин во своето телевизиско обраќање до јавноста откако на 24 јуни руската платеничка воена група „Вагнер“ започна бунт во област недалеку од Москва, кој подоцна заврши со повлекување на војниците.

„Оние кои го организираа ‘бунтот’ сакаа Русија да изгуби, а нашето општество да се удави во крв, но погрешно проценија“,

рече рускиот претседател во обраќањето до јавноста.

Рускиот претседател во телевизиско обраќање до јавноста Aрхива: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Во своето обраќање, кое го пренесува Би-би-си, Путин кажа дека највисоката консолидација на општеството, извршната и законодавната власт во Русија била покажана на сите нивоа, а граѓанската солидарност покажала оти секоја уцена или обид за организирање внатрешни немири во Русија се осудени на пропаст.

Тој им се заблагодари на војниците и на командантите на платеничката група „Вагнер“ оти донеле правилна одлука и го запреле нивниот бунт, притоа не дозволувајќи да дојде до, како што рече, братоубиствено крвопролевање.

„Уште на самиот почеток беа донесени сите неопходни одлуки за неутрализирање на заканата и бунтот во секој случај ќе беше потиснат, но организаторите сфатија дека нивните постапки се криминални“,

рече рускиот претседател.

Додаде дека поголемиот дел од припадницте на „Вагнер“ се руски патриоти и рече дека војниците од оваа платеничка група имаат можност да продолжат да ѝ служат на Русија и да склучат договор Министерството за одбрана или оние кои сакаат, да се преселат во Белорусија.

За време на своето петминутно обраќање, рускиот претседател не го спомна името на основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин – кој, пак, претходно денеска за првпат се обрати по бунтот во саботата.

Во видеопораката објавена на Телеграм, Пригожин кажа дека целта на бунтот на неговите војници била да се нагласи неспособноста на руското воено законодавство во војната против Украина и да се избегне уништувањето на групата „Вагнер“, а не да се собори руското раководство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внукот на Ахмети со нула денари добива 39% од „Соравиа“ која должи 20 милиони евра

Следно

Волстрит падна на почетокот на новата недела

Latest from Blog

Трамп: Иран мислеше дека ќе ме измори, она што се случи синоќа е само увертира

Трамп ги отфрли загриженостите за исходот од претстојните среднорочни избори, нагласувајќи дека верува дека иранскиот режим е без сила и нема друг избор освен да се согласи на договор под американски услови.

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории граѓани

Државата подготвува нов пакет мерки за финансиска поддршка, со кој е предвидено одредени ранливи категории граѓани да добиваат по 3.000 денари месечно. Целта на оваа мерка е да се ублажат трошоците за

Проданоски: Прилеп има млади музички таленти со кои се гордееме

Градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски присуствуваше на годишниот концерт на Музичкото основно училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“, кој се одржа во амфитеатарот во населбата Варош во Прилеп. Настанот беше исполнет со богата

Лацио и Сари ја завршија соработката, доаѓа Гатузо

фото: Repubblica Roma @rep_roma (X) Лацио го објави заминувањето на Маурицио Сари. Римскиот клуб објави дека 67-годишниот специјалист поднесе оставка од функцијата главен тренер во меѓусебен договор со клубот. Сари беше на

Тоневски: Општина Пробиштип останува отворена за младинските предлози

Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски истакна дека младите имаат капацитет, идеи и енергија да бидат активен фактор во развојот на општината, по реализираната активност „Градоначалник на еден ден“, на иницијатива на Локалниот
Go toTop