Австралија најави нова воена поддршка за Украина

June 26, 2023
1 min read

Пакетот за поддршка за Украина вклучува 100 милиони долари воена помош и 10 милиони долари за хуманитарна помош

Австралиската влада најави нов пакет помош од 110 милиони долари како поддршка за Украина.

Пакетот за поддршка за Украина вклучува 100 милиони долари воена помош и 10 милиони долари за хуманитарна помош.

„Овој пакет одговара на барањата на Украина за возила и муниција и ќе направи видлива разлика на бојното поле“,

рече премиерот Ентони Албанезе, пренесува „Гардијан“.

Помошта опфаќа 70 воени возила, вклучувајќи 28 оклопни возила „М113“, 14 возила за специјални операции, 28 средни камиони „MAN 40M“ и 14 приколки. Исто така, помошта опфаќа и 10 милиони долари за украинскиот хуманитарен фонд за помош во обезбедувањето засолниште, здравствени услуги, вода и санитарни услови.

„Украинските семејства, постарите лица и децата поминаа низ страшни денови од руската инвазија. Придонесот од 10 милиони американски долари на Австралија во украинскиот хуманитарен фонд ќе ги поддржи нивните потреби“,

рече Албанезе.

Премиерот Албанезе додава дека Австралија е цврста во својата одлука да ги осуди и да се спротивстави на руските акции и да и помогне на Украина да постигне победа.

„Австралија, исто така, ќе го продолжи увозот на стоки од Украина без царина за уште 12 месеци за да го поддржи нејзиното закрепнување и трговските можности. Со тие обврски, вкупниот придонес на Австралија за поддршка на Украина изнесува 790 милиони австралиски долари, вклучително и 610 милиони австралиски долари воена помош“,

додаде тој.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андреа Белоти во Рома ќе остане до 2025 година

Следно

Зеленски телефонски разговарал со Бајден за случувањата во Русија: Кризата со Вагнер ја откри слабоста на режимот на Путин

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop