Се уште неизвесно дали АА ќе биде дел од Владата

January 18, 2023
2 mins read

Дали ќе се прошири владината коалиција со уште една партија засега нема јасен одговор, но она што се знае е дека двата најголеми коалициски партнери во Владата, СДСМ и ДУИ, сакаат да им се придружи Алијанса на Албанците.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вчера изјави дека парламентарното мнозинство е стабилно, но дека има еден поопширен и поперспективен пристап.

– Значи да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една алијанса за Европа, рече Ахмети на одбележување на годишнината од смртта на Скендербег, каде присуствуваше целото раководство на партијата, но без членовите на т.н. „огнената група“ во ДУИ, предводена од Изет Меџити.

Разговорите со Алијанса на Албанците, според Ахмети, не се дојдени до поделба на ресорите.

– Не сме дојдени до овој момент. Да видиме како ќе се развиваат разговорите и каков ќе биде епилогот. Потоа ќе зборуваме и за ова прашање, рече Ахмети.

Прашан за стабилноста на парламентарното мнозинство во контекст на т.н. „огнена група“ и пратениците од ДУИ, Амети вели дека разговорите со АА „немаат никаква врска со огнената група“.

Дебатата за влез на Алијанса на Албанците во Владата стана поинтензивна откако во понеделникот вечерта претседателот на оваа партија Арбен Таравари во интервју изјави дека постои можност АА да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори.

Таравари остава простор за две опции – едната како што вели, по сугестија на меѓународниот фактор, е дека не е време за избори и дека за прогресот на државата важни се уставните измени, и доколку тоа го бара членството на АА тогаш веројатно ќе станат дел од Владата. Друга опција, според него, е да се оди веднаш на избори.

– Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата. Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот, рече Таравари.

За односот на Алијанса за Албанците со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека во моментов двете партии се дистанцирани, иако има некое ниво на комуникација помеѓу пратениците.

Таравари вели дека имало обиди пред неколку години за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, дури и самиот лидер на партијата Христијан Мицкоски изразил жалење за настаните од 27 април, но последната година ВМРО-ДПМНЕ „ја вратило националната реторика и станала слична на Левица“.

По ова интервју, ВМРО-ДПМНЕ преку својот портпарол Наум Стоилковски побара од Таравари да каже „кој е тој меѓународен фактор што бара Алијанса за Албанците да влезе во Владата“.

– Доколку Таравари премолчи и не каже, значи дека Таравари не е искрен и има друга причина зошто сака да влезе во Владата, рече Стоилковски.

На прозивката од ВМРО-ДПМНЕ од АА одговорија дека стратешките партнери на земјава, оние кои континуирано го поддржуваат нашето патување кон НАТО и ЕУ, очекуваат од нас да ја отстраниме последната бариера за отворање на преговорите за членство во ЕУ: уставните измени.

Секое друго сценарио, според Алијансата, води кон изолација, несигурност и нестабилност во време кога Европа е повознемирена од кога било од Втората светска војна.

– Република Северна Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ. Државниот разум треба да надвладее над политичките калкулации. На сите прозападни сили е да се заложат за конечно обединување на континентот. Жалиме што ВМРО-ДПМНЕ ја заборави својата понова историја и не научи од грешките. Изборните калкулации за стратешки прашања се политичка незрелост за партија која тврди дека е државотворна. Ги прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, кои се тие сили или држави кои од нив го бараат спротивното од ова и спроведувањето на сценарија кои ја водат државата и регионот по опасен пат?, се посочува во соопштението од АА.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бугарското МНР се огради од изјавите на Џамбаски со порака дека не помалку опасни се и маргиналните партии во С Македонија  

Следно

Седница на Уставниот суд

Latest from Blog

Судот го одби барањето на Јахоски за замена на притворот со гаранција

Кривичниот совет при Одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот кривичен суд Скопје, по разгледување на предлогот поднесен од осомничениот А.Ј. преку неговиот бранител – за замена на мерката притвор

Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Берсет

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет, јавува Анадолу. Средбата во Претседателскиот комплекс во Анкара беше затворена за новинарите.

Спектакуларна глетка од старо црешово дрво со планината Фуџи во заднина

СКОПЈЕ (АА) – Во срцето на јапонската префектура Јаманаши, скриено меѓу планинските предели, се издига „Wanitsuka no Sakura“ – црешово дрво старо околу 330 години кое нуди несекојдневна глетка, јавува Анадолу. Со

Почнаа подготовките за локалните избори – Вреди прво ќе формира партија, а бара Таравари да излезе од Владата

Политичките партии ги почнуваат подготовките во пресрет на локални избори наесен, веќе се прават калкулации кој како ќе настапи, дали ќе има изборни коалиции и со каква поддршка. Од коалицијата ВРЕДИ велат
Go toTop