Сопственикот на Челзи го купува француски Стразбур

June 23, 2023
1 min read

Американскиот конзорциум „BlueCo“, кој лани го купи премиерлигашот Челзи, ќе ја презема контролата и врз францускиот фудбалски прволигаш Стразбур.

Англиските медиуми јавија дека сопственикот на Челзи, американскиот милијардер Тод Бојли и неговите соработници, за мнозинскиот пакет акции на Стразбур ќе платат околу 70 милиони евра.

„Овој договор претставува ново поглавје во историјата на Стразбур. Ни претставува чест да бидеме дел од овој историски клуб. Оваа стратешка инвестиција ќе ја зајакне нашата присутност во европскиот фудбал, заедно со нашиот удел во Челзи“, соопшти синоќа американскиот конзорциум.

Дел од навивачите на Стразбур не ја дочекаа со одобрување продажбата на клубот, а дел од нив се фотографираа со транспарент на кој пишуваше „Бојли, не си добредојден“.

Стразбур минатата сезона заврши на 15 место во француската Лига 1.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жариште на африканска чума кај свињи на фарма во Бијелина

Следно

Рама: Регионот не му припаѓа ниту на Курти ниту на Вучиќ

Latest from Blog

Челзи ќе го промовира Чаби Алонсо уште викендов?!

ФОТО: Real Madrid FC/FB И дефинитивно Челзи и Чаби Алонсо се поблиску до договор. Еден од порелевантните англиски весници – „Гардијан“, објави дека играчите на Челзи се возбудени околу идејата да соработуваат

Меџити: Без жените нема силно општество и успешна политика

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Тој рече дека САД и Кина имаат „фантастичен однос“ и дека брзо ги решавале проблемите во минатото. „Секогаш кога имавме проблем, луѓето не го знаеја, ние го решававме многу брзо. Имаме фантастична
Go toTop