Кина: Од експлозија во челичарница загинаа четворица работници

June 23, 2023
1 min read

ПЕКИНГ (АА) – Четворица работници загинаа од експлозија во фабрика за челик во кинескиот град Јинкоу, во провинцијата Љаонинг, пренесува Анадолу.

Локалната управа за вонредни ситуации информираше дека во една од печките за топење во фабриката за железо и челик Јингкоу ова утро се случила експлозија.

Во експлозијата животот го загубија четворица работници, а пет се повредени.

Истрагата за несреќата е во тек, а експертите ја разгледуваат можноста од дефект на хардверот.

Несреќи со смртоносни последици повремено се случуваат во производствените и магацинските објекти во Кина поради застарената инфраструктура и неадекватните мерки за заштита при работа.

Во јануари во градот Панџин, во провинцијата Љаонинг, загинаа пет работници од експлозија во фабрика за производство на индустриски хемикалии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските пилоти дел од НАТО-вежбата „Воздушен бранител 2023“ добија пофалби од сојузниците

Следно

Жариште на африканска чума кај свињи на фарма во Бијелина

Latest from Blog

ВЛЕН: Насилството не може да се оправда со униформа

ВЛЕН бара целосно расветлување на случајот со двајцата млади од Сарај кои пријавиле малтретирање од полициски службеници и одговорност доколку истрагата утврди пречекорување на овластувањата или прекршување на законот. Од партијата изразуваат

Божиновска: Нова стратегија за искористување на геолошкиот потенцијал на Македонија

Со Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година се поставува долгорочна рамка за подобро искористување на геолошкиот потенцијал на Македонија, истакна министерката за

ФЕРО ИНВЕСТ ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ПОДДРЖУВА МЕЃУНАРОДНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни
Go toTop