Во Лондон започна Конференцијата за закрепнување на Украина

June 21, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Конференцијата за закрепнување на Украина 2023 (URC 2023) започна во Лондон, на кој учествуваат лидери и официјални лица за да помогнат во мобилизирањето за финансиска и политичка поддршка за повоеното закрепнување на земјата, пренесува Анадолу.

На дводневниот настан учествуваат претставници на меѓународни финансиски институции, од приватниот сектор и граѓанското општество од над 60 земји.

Целта на Конференцијата е да се обезбеди меѓународна поддршка за повоената реконструкција во Украина.

За време на воведната сесија, британскиот премиер Риши Сунак ја повтори британската поддршка за Киев, велејќи дека неговата земја соработува со сојузниците „за да ги истражи законските патишта за користење на руските средства“ во обновата на Украина.

Тој потврди дека неговата земја ќе ѝ обезбеди на Украина повеќегодишен пакет финансиска поддршка од 3 милијарди долари за да помогне во стабилизирањето на нејзината економија.

Меѓу другото, украинскиот претседател Владимир Зеленски имаше видеообраќање при што рече дека закрепнувањето е глобална задача.

„Ние ја штитиме Украина и на тој начин ја штитиме слободата. Кога ќе ја изградиме Украина, ќе изградиме слобода за земјата, регионот, континентот и светот“, рече Зеленски.

Според Светска банка, на Украина ќе ѝ бидат потребни повеќе од 400 милијарди долари за реконструкција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мерко не е последен – на „црната листа“ на САД ќе се најдат имињата и на други лица од С Македонија, вели Агелер

Следно

Бајден ја продолжи уредбата за вонредна состојба на Западен Балкан

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop