Столтенберг ги повика Белград и Приштина на смирување на тензиите и враќање на дијалогот  

June 19, 2023
2 mins read

Шефот на Северноатлантската алијанса, исто така, бара од Приштина и Белград да не преземаат никакви чекори кои би можеле да доведат до ескалација на ситуацијата и ги покани да се вратат на дијалогот за нормализација на односите со посредство на Европската Унија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Белград и Приштина на смирување на тензииите на северот на Косово и враќање на дијалогот.  

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг/Фото: Архива

Повик на шефот на Северноатлантската алијанса доаѓа по новото заострување на односите меѓу Косово и Србија, по апсењето на тројца косовски полицајци од страна на Србија. За дополнително  разгорување на тензиите придонесе и апсењето на косовскиот Србин У.В. што се случи утрово во општината Лепосавиќ на северот на Косово, што беше повод локалните Срби да излезат на нов протест.  

Инаку, тензиите траат од крајот на мај кога локалното српско население на северот на Косово, кое го сочинува мнозинството во тој регион, се спротивстави на преземањето на должноста на градоначалниците Албанци кои беа избрани на априлиските избори кои Србите ги бојкотираа. 

Порака шефот на НАТО ја испрати на прес-конференцијата по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин.  

„Разговаравме и за ситуацијата во Косово. Посветеноста на НАТО на нашиот мандат во Обединетите нации е непоколеблива. Нашите сили (мисијата на НАТО во Косово, КФОР) ќе продолжат да ги преземаат сите неопходни мерки за да обезбедат безбедна средина и слобода на движење за сите заедници во Косово“,

рече Столтенберг, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.  

 Тој, исто така, побара од Приштина и Белград да не преземаат никакви чекори кои би можеле да доведат до ескалација на ситуацијата и ги покани да се вратат на дијалогот за нормализација на односите со посредство на Европската унија. 

Европската Унија ги покани двете страни на итен состанок за управување со кризи, но датумот не е одреден бидејќи косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ не го потврдија своето учество. 

Курти рече дека ќе донесе одлука да оди во Брисел откако ќе добие информација за состојбата на уапсените полицајци. Вучиќ, пак, рече дека допрва треба да одлучи дали „технички“ ќе се појави на средбата во Брисел, истакнувајќи дека нема да разговара со косовскиот премиер. 

Во меѓувреме, портпаролот на Европската Унија, Петер Стано изјави дека очекува српскиот претседател и косовскиот премиер да го потврдат своето присуство на оваа средба без никакви предуслови. 

Ситуацијата на северот на Косово ескалираше на 29 мај, кога Србите се судрија со припадниците на КФОР во Звечан, една од четирите општини со мнозинско српско население на север. Во инцидентот имаше околу 80 повредени од двете страни. 

Потоа, на 14 јуни, Приштина и Белград излегоа со спротивставени информации во врска со апсењето на тројцата косовоски полицајци.  

Додека Косово тврди дека тие биле „киднапирани“ од територијата на општина Лепосавиќ во близина на границата, Србија наведува дека тие всушност биле уапсени на нејзина територија. 

КФОР соопшти дека „врз основа на достапните податоци, не е јасно каде точно биле припадниците на косовската полиција во моментот на апсењето“. 

Во меѓувреме Соединетите Американски Држави ја повикаа Србија итно и безусловни да ги ослободи уапсените полицајци.  

По повод денешното на косовскиот Србин со иницијали У.В. кому му е одреден притвор од 48 часа денеска попладне беа одржани протести во Лепосавиќ и Косовска Митровица. Организирана беше и протестна прошетка од Митровица до Звечанодржани су протести у Лепосавићу и Косовској Митровици. Организована је и протестна шетња од Митровице до Звечана. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Достоинствени како Американците“: Кинескиот претседател повика на меѓусебна почит на средбата со Блинкен

Следно

(ФОТО) Исчезна подморница за туристичка обиколка на остатоците од Титаник, потрагата е во тек 

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop