(ФОТО + ВИДЕО) Седми протест „Србија против насилството“ во Белград и во неколку други градови

June 17, 2023
1 min read

На протестот беше најавено дека доколку не се прифатат барањата на демонстрантите, од следната недела ќе следува радикализација и следните собири ќе се одржат и во десет други градови низ земјата

ФОТО: Твитер

Илјадници граѓани и денеска се собраа на протестите наречени „Србија против насилството“, кои оваа сабота се одржаа истовремено во Белград, Нови Сад, Крагуевац и во Ниш. Прошетката и блокадите траеја околу три часа.

На протестот беше најавено дека доколку не се прифатат барањата на демонстрантите, од следната недела ќе следува радикализација и следните собири ќе се одржат и во десет други градови низ земјата.

По најавните обраќања пред парламентот во Белград, демонстрантите започнаа протестна прошетка до автопатот во близина на исклучувањето на Автокоманда. За време на протестот демонстрантите пишуваа пораки на улиците.

Протестите започнаа по двете масовни убиства што ја потресоа Србија на почетокот на мај, а насобраните бараат смена на министерот за внатрешни работи и на првиот човек на безбедносно-информативната агенција, како и смена на членовите на Регулаторното тело за Електронските медиуми и раководството на Јавниот сервис на Србија.

Тие бараат и затворање на таблоидите што пропагираат насилство, како и одземање на националните фреквенции од телевизиите кои промовираат насилство во нивните програми.

ФОТО: Твитер
ФОТО: Твитер

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Азар има опција да се врати во Белгија

Следно

Поплавени куќи и ниви, Вардар се излеа во неколку населени места во Општина Јегуновце

Latest from Blog

ПУТИН СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: „Пандорината кутија е отворена. Очекувајте жесток одговор“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „ја отворила Пандорината кутија“ со напади врз руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните економски сектори во Украина, објави Ројтерс во саботата. Украина

Шест години брендираната гардероба на Боки 13, вредна 600.000 евра, ,,скапува” во магацин

Веќе шест години, во еден од магацините на Агенцијата за управување со одземен имот, стои конфискуваната брендирана гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, вредна речиси 600.000 евра. Во овој период луксузната облека ниту

Путин: Украина ја отвори Пандорината кутија. Нека очекуваат одговор

Украина ги засили нападите со беспилотни летала врз руската економска инфраструктура, вклучувајќи ги и рафинериите за нафта, ова лето, обидувајќи се да ја уништи инфраструктурата за која вели дека е клучна за
Go toTop