Ново издание на 360°: ДУИ и две крила на СДСМ во битка за превласт во Судскиот совет?

June 17, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 16 јуни 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваат Ивана Петковска од Коалицијата „Сите за правично судење“ и Васко Маглешов, истражувачки новинар во БИРН

Како ништо од критиките да не допира до членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, или барем до најголемиот дел од нив. Последна во низата релативизации е за истражувањето под наслов „Проценка на ризиците од корупција во правосудството во Северна Македонија“, презентирано неделава, за кое од челниците на двете клучни тела слушнавме само делумно прифаќање на резултатите кои откриваат дека голем процент од анонимно анкетирани судии и обвинители немаат доверба во тоа како советите ја остваруваат својата уставна и законска улога. А ова е само продолжение на серијата скандали во правосудството во последниот период, чија последна фаза, се чини, почна со тензичната седница на Судскиот совет на 26 април кога беше констатирано дека Весна Дамева е разрешена од претседателка на Судскиот совет, иако за таа одлука гласаа само седум члена, а изборот на претседател се врши со најмалку осум гласа. Колку во позадината на сево ова се политичко-партиски игри за надмоќ и влијание и за унапредување или спасување на „нашите“ судии и обвинители, дебатираме со Ивана Петковска од Коалицијата „Сите за правично судење“, организација што ја следи работата на Судскиот и на Советот на јавни обвинители и Васко Маглешов, истражувачки новинар во БИРН и претседател на Судско-медиумскиот совет.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФБИ потрошило две години на смртта на Трент Резнор

Следно

Мора да бидеме крајно внимателни за да избегнеме модел што би наликувал на Република Српска, вели Османи

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на

(ВИДЕО) Патниците со позитивни впечатоци: Градскиот воз доби пофалби за брзината и услугата

Брзината на патувањето и услугата се причините за задоволството на патниците кои го користат градскиот воз, според нивните одговори во видеото објавено на фејсбук-каналот „Да те прашам нешто“. Во видеото, граѓаните одговараат
Go toTop