За женското СП во фудбал досега продадено половина милион влезници

January 17, 2023
1 min read

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека за Светското првенство за фудбалерки, кое ова лето ќе се одржи во Нов Зеланд и Австралија, досега веќе се продадени 500.000 влезници.

Најголем интерес има за влезниците за финалето кое е закажано за 20. август во Сиднеј.

Мундијалскиот турнир на кој за прв пат ќе учествуваат 32. репрезентации ќе биде отворен на 20. јули во Оукленд со натпреварот меѓу домаќинот Нов Зеланд и Германија.

Генералниот секретар на ФИФА, Фатма Самура, прецизираше дека најголема побарувачка за билети е регистрирана во земјите домаќини, како и во Германија, САД, Англија, Катар, Кина, Канада, република Ирска и Франција.

Титулата светски првак ја брани американската репрезентација на чија селекторска клупа седи македонскиот стратег Влатко Андоновски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конституиран Домот на народите на Парламентот на Федерацијата БиХ

Следно

Расчистен случајот со заканата кон вработени на Канал 5

Latest from Blog

Коњановски: Пет децении пријателство меѓу Битола и Херцег Нови, нов меморандум за заедничка иднина

Со потпишување Меморандум за потврдување на соработката и симболично садење дрво на пријателството, во Херцег Нови беа одбележани пет децении од збратимувањето со Битола. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Тони Коњановски, кој порача

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав

Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)

Коен Вајли беше убиен во јуни додека седел во скутот на неговата мајка. Полицијата тврди дека возачот го возел автомобилот кон полицајците, пишува Би-Би-Си. Пукање по пријава за кражба На 14 јуни,

Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)

Коен Вајли беше убиен во јуни додека седел во скутот на неговата мајка. Полицијата тврди дека возачот го возел автомобилот кон полицајците, пишува Би-Би-Си. Пукање по пријава за кражба На 14 јуни,
Go toTop