Ново издание на 360°: „Братски отстапуваме половина министерства за ВМРО-ДПМНЕ”

June 10, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 9 јуни 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостува премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски

Во фокусот на разговорот со премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој гостува во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, е неговата средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одржана во средата. Лидерската донесе нова динамика на политичката сцена што продолжува да се чувствува во размената на пораки меѓу засегнатите табори, но за јавноста останува тешко да проценува дали заплетот ќе води кон расплет со враќање кон претходно ископаните ровови или е отворање пат за договор кој ќе значи донесување на уставните имени и влез на ВМРО-ДПМНЕ во владата. Дел од ова се обидуваме да одгатнеме во интервјуто со премиерот Ковачевски. Тој, меѓу другото, порачува: „Сметав дека треба да се понуди едно широко обединување на политичката сцена бидејќи процесот на евроинтеграции е широк, за сите граѓани, и затоа понудив ВМРО-ДПМНЕ да е дел од Владата … и тоа 50 проценти од министерските места што ги има СДСМ да ги отстапи на ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека тоа е најфер, братски, пола-пола, за да може да види народот дека се работи за искрена намера“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државен надзор во рацете на вештачка интелигенција

Следно

Туркије: Во експлозија во фабрика за ракети во Анкара загинаа пет работници

Latest from Blog

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој

Коњановски со честитка по повод Католички Велигден: Да се почитуваме и да создаваме вредности

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Велигден, кој се слави според Грегоријанскиот календар. Во својата порака, Коњановски истакна дека Велигден е
Go toTop