„Бата прес“ ја објави книгата „Фудбалски сон“ од холандската авторка Линеке Дајкзул

June 8, 2023
1 min read

Книгата за деца и млади „Фудбалски сон“ од познатата холандска авторка Линеке Дајкзул е објавена на македонски јазик во издание на „Бата прес“. Романот од холандски на македонски јазик го преведе Ели Пујовска. Објавувањето на ова дело, поддржано и од Холандската фондација за литература, е во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“ во текот на оваа и во наредната година со поддршка од Европската Унија, од програмата „Креативна Европа“, ќе објави 15 книги за деца и млади од 15 познати европски автори.

– Ова е книга за фудбалот во која при читањето ќе уживаат дури и оние што не сакаат спорт. Се чини невозможно, но така е, велат од „Бата прес“.

Момчињата Рахман, Тигани и Хенри имаат талент, што значи имаат некаква шанса да избегаат од големата сиромаштија во нивното село во Африка. Нивниот тренер има контакти во фудбалски клуб во градот и ќе ангажира скаут да дојде и да види колку вешто тие можат рачно изработената топка да ја шутираат и водат по прашината.

Само Рахман ќе ја има потребната сила на карактерот за да се пробие. По трансферот во Холандија, кога Рахман ќе се врати во селото, носејќи кул патики и нови алишта, ќе сфати дека никој повеќе не го гледа како Рахман, туку се фокусираат на неговите пари и неговиот успех. Ама и тој е сменет.

Токму оваа драма го прави романот „Фудбалски сон“ толку силен. Дајкзул не пишува за фудбалот бидејќи е убава игра за момчиња, туку затоа што има важна порака. Оваа волшебна приказна зборува за големата жртва што понекогаш ја бара амбицијата.

Холандската писателка Линеке Дајкзул е родена во 1950 година. Таа е авторка што е најпозната по своите детски и тинејџерски книги. Нејзините романи „Втората виолина“ (1991), „Глувче со канџи“ (1993) и „Краток спој“ (1996) беа во најтесен избор на жирито за Холандската награда за детска литература. Во 2006 година ја објави својата прва книга за возрасни, психолошкиот трилер „Тивок грев“. Во 2007 година, го објави продолжението „Студена пролет“, втората книга со Пол Вегтер како главен лик. После големиот успех со овој серијал, ги напиша и продолженијата „Мирисот на дождот“ (2009), „Изгубениот син“ (2011) и „Она што останува“ (2012).

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откако го договорија Меси, Инстаграмот на Интер Мајами – „експлодирал“! (ФОТО)

Следно

Кој се бори во Украина добива бесплатно земјиште во Русија

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop