Хабек: Првата задача на новиот германски министер за одбрана ќе биде носење одлука за тенкови за Украина

January 17, 2023
1 min read

Првата точка од распоредот на следниот германски министер за одбрана ќе биде дали да испорача напредни борбени тенкови во Украина, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.

– Кога ќе биде назначен нов министер за одбрана, тоа ќе биде првото прашање за кое треба да донесе конкретна одлука, изјави Хабек за германското национално радио „Дојчландфунк“ на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт вчера поднесе оставка, во време кога владата во Берлин е под зголемен притисок да дозволи испраќање борбени тенкови во Украина. Германската влада се соочува со обновени апели да испрати тенкови Леопард 2, кои Украина ги смета за клучни ако сака да ја победи Русија или барем да одобри нивна испорака од други земји, како што е Полска. Варшава е јасна за својата намера да снабдува борбени тенкови, но бара дозвола од Германија како земја на производство.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера најави дека брзо ќе дејствува за да ја замени Ламбрехт, а Франкфуртер алгемајне цајтунг, повикувајќи се на владини извори, објави дека нејзиниот наследник ќе биде именуван денеска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светиот крст за Водици ќе се фрла на неколку локации во Бутел

Следно

МВР: 238 санкции за брзо возење

Latest from Blog

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по пукањето

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес предложи построги национални закони за оружје по пукањето на забавата за Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, во која во неделата загинаа 16 лица. Албанезе рече дека

Телескопот Веб откри егзопланета со два огромни опаши од хелиум

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб за првпат откри егзопланета што губи атмосфера и создава два џиновски опаши од хелиум, кои се протегаат долж орбитата околу матичната ѕвезда На оддалеченост од околу 880 светлосни

ВМРО-ДПМНЕ со Резолуција за крај на манипулациите на СДС за мигрантите, Резолуцијата носи сигурност, стабилност и јасен став против нелегалната миграција

ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието на Република Македонија, „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, велат во партиското соопштение од владејачката партија. Со

Мел Гибсон – холивудски заводник и бестрашен акционен херој, а зад камерата посветен татко на девет деца

Еден од највлијателните актери и режисери во современата филмска индустрија, Мел Гибсон, често е во фокусот на јавноста поради својата кариера, но и поради богатиот и комплициран семеен живот. Иако наскоро ќе

Со концертот „Бесмртна“: Бојана Скендеровски заокружи едно животно и уметничко поглавје

Вчеравечер во Филхармонија не се одржа само концерт, вчеравечер се случи едно долго чекано признание… Признание на времето, на истрајноста и на сонот што тивко растел, цели 23 години. Бојана Скендеровски конечно
Go toTop