Таравари: Можно е да станеме дел од Владата, ако не, треба да се оди на избори

January 17, 2023
1 min read

Постои можност Алијанса за Албанците да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори, изјави лидерот на партијата Арбен Таравар во гостувањете во магазинот „Клик плус“ на ТВ21.

Таравари остава простор за две опции, едната како што вели, по сугестија на меѓународниот фактор дека не е време за избори и дека за прогресот на државата важни се уставните измени, и доколку тоа го бара членството на АА тогаш веројатно ќе станат дел од Владата.

Друга опција е да се оди веднаш на избори.

– Постои можност за влез во Владата. Конкретна понуда нема, но ние сме во постојана комуникација. Гледате како е во Собранието. Мислам дека сме 60-60. Собранието не може да создаде мнозинство без помош на Алијансата. Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот, рече Таравари.

За односот на Алијанса за Албанците со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека во моментов двете партии се дистанцирани, иако има некое ниво на комуникација помеѓу пратениците.

Вели дека имало обиди пред неколку години за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, дури и самиот лидер на партијата Христијан Мицкоски изразил жалење за настаните од 27 април, но последната година ВМРО-ДПМНЕ ја вратило националната реторика и станала слична на Левица.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Калифорнија: Поројните дождови се намалија, во досегашните поплави загинаа најмалку 20 лица

Следно

Населението на Кина опаѓа за првпат по повеќе од 60 години

Latest from Blog

Коњановски: Културата станува двигател на локалниот идентитет на Битола

Културата, како клучна компонента на јавниот живот, веќе не е исклучиво домен на централната власт и стана темел за градење на локалниот идентитет и кохезија. Програмата за култура на Општина Битола за

Ќерката на Денис Родман стана најплатената фудбалерка во светот

Американската фудбалерка, Тринити Родман, ќерката на легендарниот кошаркар Денис Родман стана најплатената професионалка во историјата на спортот. Таа потпиша нов договор со тимот на Вашингтон Спирит дел од женската верзила на МЛС,

Луѓето кои редовно читаат книги живеат 23 месеци подолго од оние кои воопшто не читаат

Сè поголем број истражувања посочуваат дека читањето може да биде многу помоќно отколку што се мисли. Всушност, редовното читање е поврзано со понизок стрес, подобро помнење, заштита од умствен пад и деменција,

Амандманска расправа за измените на Кривичниот законик во матичната собраниска комисија

На денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање, поднесен од девет пратеници од

Бројот на собата во хотелот може да ви го расипе одморот – Еве што треба да избегнувате

Кои броеви на соби треба да ги избегнувате? Според туристичките експерти, патниците кои бараат мир и тишина треба да избегнуваат соби со броеви што завршуваат на -01 или -02. Причината е едноставна:
Go toTop