Пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите добија условна казна од една и пол година, докторот Вучевски е ослободен

June 5, 2023
1 min read

Ослободителна пресуда судот донесе за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото непостапување по здравствени прописи. Заедно со Вучевски, и Клиничката болница е ослободена за делото непостапување по здравствени прописи. На Клиничката болница ѝ е изречена парична казна од еден милион денари

Тетовскиот суд денеска ја изрече пресудата за пожарот во модуларната болница во кој на 8 септември 2021 година изгореа 14 луѓе. Обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми и правното лице Клиничка болница Тетово за кривичното дело тешки дела против општата сигурност добија казна од една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не го повторат делото.

Ослободителна пресуда судот донесе за докторот Бобан Вучевски кој се товареше за делото непостапување по здравствени прописи. Заедно со Вучевски, и Клиничката болница е ослободена за делото непостапување по здравствени прописи.

На Клиничката болница ѝ е изречена парична казна од еден милион денари.

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Поранешните директори на болницата Бесими и Етеми се гонеа бидејќи не ставиле пропишани уреди за гаснење на пожар. На докторот Вучевски, пак, му се судеше бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането.

Судењето за пожарот во тетовската модуларна болница кој се случи на 8 септември 2021 г., кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени, почна на 7 декември лани откако од септември 2022 дотогаш судскиот процес беше неколкупати одложуван.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничката болница Тетово како правно лице, на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и рекоа дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Тогашните двајца директори на тетовската болница поднесоа оставки, но останаа на функциите се до преструктуирањето на Владата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инвестициските фондови што ги тераат коропорациите на самоубиство

Следно

Ирак сака да ја зголеми соработката со Туркије

Latest from Blog

Судијата згрозен: Му ја зголеми кауцијата на маж од Тексас кога дозна каков злостор направил кон бебе (ВИДЕО)

Судските документи покажуваат дека Брендон Лефлер, 46, е обвинет за кривично дело злоупотреба на деца во врска со инциденти што се случиле во септември 2024 година во Бомонт, Тексас. Лефлер бил уапсен

Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Денеска (26.07.2026) од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други

Арсенал не жали пари: Винисиус на „Емирати“ ќе биде најголемиот трансфер во 21. век

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/ Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, заработува 400.000 фунти неделно, а шампионите на Премиер лигата се подготвени да му понудат уште подобри услови. Лондончани се подготвени на сè за да ги

Кремљ го потврди она што отсекогаш било познато: „ПУТИН НИКОГАШ, АМА БАШ НИКОГАШ НЕ ГО ПРАВИ ТОА!“

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не користи обичен фиксен или мобилен телефон за комуникација со претставници на администрацијата, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, секретар за медиуми на Путин, во разговор со
Go toTop