Русија тврди дека спречила голема украинска офанзива во Донецк

June 5, 2023
1 min read

Засега нема коментар од Украина. Не е јасно дали наводниот напад претставува почеток на долгоочекуваната украинска контраофанзива за повторно заземање на дел од територијата преземена од руските сили по инвазијата во февруари 2022 година

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили спречиле голема украинска офанзива во регионот Донецк и дека убиле стотици украински војници. Во соопштението на Министерството се вели дека Украина го започнала нападот во неделата (4 јуни), користејќи шест механизирани и два тенковски баталјони.

Русија тврди дека спречила голем напад на украинските војници во југоисточниот регион Донецк
Илустративна фотографија: EPA-EFE/STR

„Утрото на 4 јуни, непријателот започна голема офанзива во пет сектори на фронтот во јужниот правец на Донецк. Целта на непријателот беше да ги пробие нашите одбранбени линии на според него, најранливиот дел од линијата на фронтот. Но, непријателот не ги постигна своите задачи – немаше успех“,

соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм.

Министерството за одбрана на Русија додаде дека во нападот руските сили убиле 250 украински војници, но и дека уништиле 16 тенкови, борбени возила на пешадијата и 21 оклопно борбено возило.

Засега нема коментар од Украина.

Не е јасно дали наводниот напад претставува почеток на долгоочекуваната украинска контраофанзива за повторно заземање на дел од територијата преземена од руските сили по инвазијата во февруари 2022 година.

Официјален Киев неодамна соопшти дека Украина е подготвена да ја започне својата контраофанзива против руските сили, но не откри кога би можела да се случи.

Во изјава за Би-би-си на 27 мај, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Олексеј Данилов, не именуваше датум за најавуваната контраофанзива, но кажа дека нападот за враќање на територијата од окупаторските сили на рускиот претседател би можела да започне „утре, задутре или за една недела“.

Порача дека Украина не смее да направи грешка со одлуката бидејќи, како што рече, ова е историска можност што не смее да се изгуби.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јулијан Нагелсман ќе биде новиот тренер на ПСЖ

Следно

Дваесет и една година од основањето на ДУИ – раководството и фракцијата ќе го одбележат на одделни настани

Latest from Blog

Стартни три за „Ел Три“, три црвени картони, и прв гол за Хименез на мундијалите (ВИДЕО)

фото: EuroFoot (X) Во реприза на мечот од СП 2010 година, селекцијата на Мексико славеше со 2:0 против Јужна Африка на отворањето на Мундијалот 2026. Вечерва на „Естадио Ацтека“, Мексиканците во многу

Трамп крена рачна

„Врз основа на фактот дека дискусиите со Исламската Република Иран се однесени на највисоките нивоа на иранското раководство и се одобрени, јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, ги откажав закажаните напади

Ревизијата открива неправилности во социјалната помош, неосновани исплати, недостатоци во институционалната контрола и координација

Државниот завод за ревизија откри голем број неправилности во системот за исплата на правата за финансиска помош од социјална заштита, според ревизијата за периодот 2022 – јуни 2025 година. Во извештајот се

Полувреме: Мексико води со 1:0, лесно можеше да биде и поубедливо (ВИДЕО)

фото: EuroFoot (X) Хулиан Кињонес е авторот на првиот гол на Светското фудбалско првенство 2026. Со погодокот во 9 минута, офанзивниот фудбалер во составот на селекторит Хавиер Агире, Мексико обезбеди водство од

ВЕЧЕРВА СИЛНО ЌЕ ГО ПОГОДИМЕ ИРАН, Трамп најави жестоки напади

Американскиот претседател Доналд Трамп упати сериозна закана дека САД „многу силно ќе го погодат Иран вечерва“, најавувајќи дека Вашингтон планира да преземе целосна контрола врз главниот ирански нафтен центар, островот Харг. Оваа
Go toTop