Ердоган назначи поранешен војник и шеф на разузнавањето за нов министер за надворешни работи

June 4, 2023
2 mins read

Хакан Фидан беше шеф на Националната разузнавачка организација (МИТ) на Турција уште од 2010 година. Претходно, бил советник на Ердоган во неговиот премиерски кабинет

Старо-новиот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера положи заклетва на стартот на својот трет мандат како претседател на Турција. Светските медиуми сега ги анализираат луѓето кои Ердоган ги одбра за да ги водат владините ресори.

„Преживеаа“ само двајца од стариот кабинет

Од вкупно 18 члена на кабинетот на Ердоган, бројка што го вклучува и заменик-претседателот, дури 16 имиња се нови за позициите. Тоа значи дека само две имиња од претходниот кабинет на Ердоган ја добиле довербата да продолжат да си ја вршат функцијата.

Тие двајца се министерот за култура, Мехмет Нури Ерсој и министерот за здравство, Фахретин Коча.

Разузнувач на местото на Чавишоглу

Хакан Фидан е името и презимето на новиот министер за надворешни работи на Турција. Тој доаѓа на местото на Мевлут Чавишоглу. Фидан зад себе има воена и разузнавачка кариера. Од 2010 година тој е шеф на турската Национална разузнавачка агенција (МИТ).

Агенцијата, по струкутура, му одговара на претседателот на државата и има широко поле на дејствување, односно „собирање информации од национален интерес“ и во земјата и во странство. Во времето на Хакан Фидан како нејзин шеф, се знае дека МИТ во одреден момент прислушувала околу 2 500 луѓе надвор од земјата, дека учествувала во бројни операции против организијата која Турција ја смета за терористичка – ФЕТО, дека посредувала во размена на затвореници меѓу САД и Русија и друго.

Хакан Фидан во својот кабинет како шеф на МИТ.

Според британски Гардијан, одлуката разузнавачот Хакан Фидан да биде именуван за министер за надворешни работи на местото на дипломатот од кариера Мевлут Чавишоглу, може да значи промена во стилот и начиниот на водење на надворешната политика на Турција.

Меѓу последните активности на Фидан како разузнавач е неодамнешна средба во Москва со неговите руски, ирански и сиријски колеги, во врска со војната во Сирија.

„Тој е чуварот на моите тајни, тој е чуварот на државните тајни“,

има изјавено Ердоган за Фидан во една прилика.

Почитуван банкар за министер за финансии

Новиот министер за финансии на Турција е Мехмет Шимшек. Станува збор за поранешен банкар со високо меѓународно реноме. Шимшек бил особено почитуван од инвеститорите, пишува Ал Џезеира, кога ја извршувал функцијата министер за финансии од 2009 до 2015 година и потоа како вицепремиер за економија до 2018 година, кога си дава оставка поради серијата падови на вредноста на турската лира.

Неговото именување може да значи напуштање на неортодоксните економски политики на Ердоган во последните неколку години, што на пример вклучуваше задржуање на ниските каматни стапки и покрај високата инфлација и значителната државна контрола на пазарите.

Познато е дека Шимшек беше противник на таквите политики на Ердоган. Турција се бори со економска криза веќе подолго време, во која инфлацијата достигна 85% во октомври 2022 година, пред да се спушти на 44% во мај. Од почетокот на годината, турската лира има загубено 10% од нејзината вредност во споредба со доларот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Големи нереди во источна Германија: Судири меѓу левичарите и полицијата

Следно

Бензема заминува од Реал Марид

Latest from Blog

Индонезија добива прв носач на авиони: Поранешниот италијански „Џузепе Гарибалди“ плови кон новиот сопственик

По формалното предавање, на бродот ќе му биде дадено индонезиското знаме и новото име „КРИ Гаџа Мада“. Се очекува патувањето до Индонезија да трае повеќе од 20 дена, преку Суецкиот канал и

Јувентус и Борусија (Д) во финална битка за Волтемаде

фото: Newcastle United (X) Јувентус е во преговори со Њукасл Јунајтед за ангажман на германскиот напаѓач Ник Волтемаде на позајмица. Според италијанските медиуми, клубовите разговараат за едногодишна позајмица со надомест од околу

Иран ги нападна американските воени бази во Јордан- Трамп се закани со одмазда

„Ќе ги погодиме силно. Ќе има одговор“, потврди Трамп во телефонски разговор со Треј Јингст од Фокс њуз. Тој истакна дека американските системи за воздушна одбрана ги пресретнале сите освен една од

Меси го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на „гаучосите“ одлуката ја соопшти преку емотивна порака на социјалните мрежи, по повеќе од 20
Go toTop