Лупевска распали по премиерот: Ковачевски ја загрозува безбедноста на вработените во Телма

January 16, 2023
1 min read

Владата оркестрирано истовремено преку премиерот Ковачевски и неговиот коалиционен партнер, лидерот на ДУИ, Ахмети изврши директен напад на нашиот медиум, оспорувајќи го правото на слобода на изразување, но и во време кога Телевизијата поставува прашања за кои јавноста мора да добие одговор, реагираат од телевизија Телма.

Новинарката Снежана Лупевска Созен е директор и главен уредник на телевизијата.

Во продолжение ја пренесуваме нивната реакција:

Телевизија Телма секојдевно информира за теми и настани кои се од големо значење не само за демократијата во државата, туку, пред сѐ, за борбата против корупцијата и криминалот, и поставување на европски стандарди во владеењето на правото.

Телма е непристрасен медиум со независна уредувачка политика, во која работат новинари со високи професионални стандарди, а сите објавени информации од страна на телевизијата се во интерес на јавноста. Информациите се темелат на факти и докази кои се проверливи, а за кои имаме поставувано и прашања, и барања до Владата за објавување и објаснување на истите,  а за кои до денеска не сме добиле одговор.

Телевизија Телма нема намера да го негира правото на лични впечатоци и перцепции ниту на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ниту на премиерот Димитар Ковачевски. Но, бидејќи Ахмети директно не прозва како Телевизија, а со тоа ја загрози и безбедноста на нашите новинари, а премиерот Ковачевски наместо да го осуди коалициониот партнер, првин избегна да нѐ именува, но даде прецизен опис како во тендерите на некои негови владини институции, каде условите се така опишани што недостасува уште името на компанијата што ќе добие.

И на двајцата би им порачале: Жално е што од позиција на власт го воскреснувате тоа што не требаше да се повтори, етикетирање на медиуми и создавање и загрозување на слободата на изразување на медиумите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНЕСКО: Расте бројот на убиени новинари

Следно

Бела куќа: Нема евиденција за посетителите на домот на Бајден каде се пронајдени документите

Latest from Blog

Утре вонредна седница на Владата

Владата утре ќе одржи вонредна седница со почеток во 11 часот. Според најавите, на седницата, ќе се разговара за состојбата со бензините пред можното ново покачување на цените како резултат на растечките

Македонската армија ќе добие нови пушки од САД

Македонија е меѓу земјите кои ќе добијат ново пешадиско вооружување во рамки на договор што го додели Пентагон на американската компанија Colt’s Manufacturing Company, со максимална вредност од 40,86 милиони долари. Како

„Милионерите“ со два гола во судиско продолжение до три бода

фото: Borussia Dortmund (X) Фудбалерите на Борусија (Д) ја забележаа четвртата последователна победа во Бундеслигата, бидејќи вечерва како гости го совладаа тимот на Штутгарт со резултат од 0:2. „Милионерите“ продолжија со потера
Go toTop