За Линдзи на наш сајт види и:
Американците бараат јунак што ќе го убие Путин
Два воена хушкача: Дозволете да ве напалиме
За последнава некрофилија на Линдзи, сепак доби потсетување на некои работи:
* На Нирнбершкиот трибунал, наци министерот за економија, Хјалмар Шахт, рече дека Третиот Рајх се финансирал и од извори преку оеканот па именуваше две големи американски корпорации: Форд и Џенерал Моторс. Со него беше склучен премолчен договор – слобода во замена за молчење. И покрај протестите на Советските претставници, беше пуштен на слобода каде поживеа 93 години.
* Олицетворението на американскиот сон, легендарниот Хенри Форд беше Витез на Големиот крст од Орденот за заслуги на германскиот орел. Неговите погони во Германија не само што произведуваа по 70.000 камиони годишно за потребите на Вермахтот, туку се користеа и за принудните трудбеници, вклучително и оние од Аушвиц.
* Германската икона на автомобилската индустрија „Опел“ му припаѓаше на Џенерал моторс. Истражувачот Бредфорд Снел вака ја опишува улогата на корпорацијата: „Џенерал моторс беше многу поважен за нацистичката воена машина од швајцарските банки. Швајцарија беше само складиште за украдени пари. Третиот рајх можеше да ги нападне Полска и Русија (СССР) без помош на Швајцарија, но, не и без помошта на Џенерал Моторс.
* Кодак правеше фитили за авио бомби во нивната фабрика во Германија, притоа користејќи и труд на воени заробеници.
* Фабриката на Кока-Кола во Келн, уште пред да биде национализирана од германската влада, лојално обезбедуваше пијалоци за германските војници. И познатата „Фанта“ ја измислија нацистите (бидејќи заради прекин на бродскиот сообраќај, не можеле да го набават сирупот за Кока Кола).
* Нафтениот гигант Стандард Оил преку своите подружници му го бајпасираше на Хитлер недостигот на нафтени продукти и учествуваше во развојот на синтетичка гума и синтетичко гориво. И корпорацијата IBM, сакана од ИТ луѓето ширум светот, произведуваше сметководствени и контролни машини за нацистите, вклучително и оние за производство на нафта. Меѓу другото, опремата на фирмата помогна да се следи распоредот на возовите за концентрациониет логори.
* Ништо и без банките: ЈПМорган Чејс и Чејс Нешенел, преку која беа направени трансакции од повеќе милијарди долари, а Берлин можеше да купува долари и да врши финансиски трансакции преку океанот. Чејс соработуваше со германската банка Алијанса дури и во такви работи како осигурување на имотот и животот на чуварите на концентрационите логори на Третиот Рајх.
Сè на сè, сенаторот Грем има доста материјал за споредување. Некои од нивните инвестиции доведоа до Втората светска војна и холокаустот. Денес милијарди американски долари се слеваат во Киев. „Во врска со ова, би сакал да ги потсетам сенаторите како заврши нивната претходна авантура“, рекла Марија Захарова.
п.с. Русија го стави Линдзи на листата на лица по кои се трага.
ИЗВОР: off.net.mk