Самоубиствен напад во Пакистан, четворица загинати

May 24, 2023
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Четири лица загинаа, од кои двајца припадници на безбедносните сили и еден полицаец, а двајца полицајци се повредени во самоубиствениот напад извршен на контролен пункт во пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва, известува Анадолу.

Според Гео њуз, самоубиствен напад бил извршен на контролен пункт во регионот Јужен Вазиристан во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Во нападот животот го загубија четири лица, од кои двајца се припадници на безбедносните сили и еден полицаец, кои биле на должност на контролниот пункт. Во нападот се повредени и двајца полицајци.

Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, а ова е втор напад во регионот во последните 24 часа.

Вчера четворица припадници на паравоените сили и двајца припадници на приватно обезбедување беа убиени во нападот што милитанти го изведоа врз фабрика за гас во провинцијата Хајбер Пахтунхва.

– Тврдења за пакистански талибанци

Терористичките напади во Пакистан се зголемија последните месеци, особено во провинциите Хајбер Пахтунхва и Белуџистан.

Исламабад тврди дека овие напади се планирани и режирани од страна на пакистанските талибанци (ТТП) со седиште во Авганистан. Авганистан од своја страна, ги негира овие тврдења.

Во самоубиствениот напад на џамијата за време на пладневната молитва на 30 јануари во Пешавар загинаа 102 лица, од кои повеќето полицајци, а во самоубиствениот напад изведен на 6 март во Белуџистан загинаа 10 полицајци.

На 19 мај беше извршен самоубиствен напад врз конвојот на Сираџ ал-Хак, лидерот на партијата Џамаат-и Ислами, во областа (Zhob) во Белучистан. Генералниот секретар на партијата Емирул Азим соопшти дека лидерот на партијата Хак го преживеал самоубиствениот напад без повреди, а напаѓачот починал.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски од панелот во Охрид: Македонскиот јазик го заштитивме, обезбедувајки го неговиот континуитет

Следно

Ангелов до Гаревски: Ако не сте сигурен дека мостот е безбеден, не ги охрабрувајте граѓаните да поминуваат

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop