Левичарот Ципрас или конзервативниот Мицотакис – Грците излегуваат на гласање

May 19, 2023
2 mins read

Според изборните правила за пропорционална застапеност, ниту една партија не се очекува да победи со доволно голема разлика за да обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот од 300 места

Грците во недела излегуваат на најнеизвесните национални избори во последната деценија, кои најверојатно ќе доведат до дополнителни избори.

Конзервативниот премиер во заминување Киријакос Мицотакис има приближно шест проценти предност пред неговиот најблизок ривал, левичарскиот поранешен премиер Алексис Ципрас.

Но, според изборните правила за пропорционална застапеност, ниту една партија не се очекува да победи со доволно голема разлика за да обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот од 300 места.

Можно е Грција да одржи последователни избори на почетокот на јули и да користи нов систем кој на победникот ќе му даде дополнителни места во парламентот.

Мицотакис, кој водеше кампања за четиригодишно намалување на даноците, заживување на туризмот и постојан раст, предупреди дека ускратувањето на моќниот мандат на неговата Нова демократија ќе доведе до „парализа“ во услови на меѓународна несигурност.

Ципрас и неговата партија Сириза ветија дека ќе ја вратат довербата во земјата која ја потресе скандалот околу прислушувањето од безбедносните служби и најтешката железничка несреќа во Грција во февруари, во која загинаа 57 лица.

Во 2015 година Ципрас водеше тешки преговори со Европската Унија, кои речиси ја исфрлија Грција од еврозоната.

Бугарските плати и британските цени

„Демократијата возвраќа за да го собори гнилиот режим што владее со нас“,

рече 48-годишниот левичар на изборниот митинг во неделата.

Потребни беа последователни избори во 2012 година пред да се формира коалициска влада на Нова демократија, социјалистичката партија Пасок и сега веќе непостоечката левичарска партија Димар.

Сега грчката социјалистичка партија Пасок-Кинал, основана од политичкиот ветеран Андреас Папандреу, се смета за потенцијален коалициски сојузник и на Мицотакис и на Ципрас.

Но, лидерот на партијата, поранешниот европратеник Никос Андрулакис, не сакаше да поддржи ниту еден од неговите двајца противкандидати за премиер.

„Ќе се бориме со секој кој го поткопува јавниот интерес“,

рече Андрулакис.

Партијата Нова Демократија на Мицотакис вети натамошно зголемување на месечната минимална плата на 1 000 евра, намалување на невработеноста и големи инвестиции во недоволно финансираниот јавен здравствен систем на Грција, оптоварен со пандемијата на коронавирус.

„Отсекогаш верував дека се потребни два мандати од четири години за некој да ја промени Грција“,

рече Микотакис во април.

Ципрас вети дека ќе се бори против инфлацијата, а за тоа ги обвинува домашните „картели“. Тој најави дека ќе ја зголеми јавната потрошувачка за образование и ќе ги зголеми платите на државните службеници и здравствените работници.

„Грција има бугарски плати и британски цени“,

рече Ципрас минатата недела.

Секој десетти Грк е неопределен

Секој десетти Грк не знае за кого ќе гласа, а многумина велат дека се разочарани од политиката.

„За првпат во мојот живот, не одлучив за кого ќе гласам. Можеби ќе фрлам празно гласачко ливче“,

изјави 30-годишниот Андреас, поранешен поддржувач на Сириза.

„Кој мисли на нас, ветувањата (од кампањата) не се исполнуваат, а секојдневието ни се влошува секоја година“,

вели 62-годишниот Никос Димитриадис кој се пожали дека пензијата не му трае цел месец.

Мицотакис никогаш не загубил од Ципрас. Го освои три пати – на национално, локално и европско ниво.

„Кога игравме кошарка во Соединетите Американски Држави, тоа беше ‘изгуби и испадна’“,

се потсмеваше Микотакис со својот противник минатата недела.

Речиси 10 милиони Грци имаат право на глас, а речиси 440 000 16-годишни Грци првпат ќе гласаат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нов ноќен воздушен напад врз Украина: Голем број дронови испратени кон Киев

Следно

Земјотрес со магнитуда од 7,7 степени го погоди Јужен Пацифик, предупредување за цунами

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop