Америка на ангро вооружува автократски режими по светов

May 17, 2023
1 min read

Кога Џо Бајден дојде на претседателската функција во 2021 година, стариот со мерак зборуваше за „битката меѓу демократиите и автократиите“ во која САД и другите демократии се стремат да создадат мирен свет. Реалноста, сепак, е дека администрацијата на Бајден помага да се зголемува воената моќ на голем број авторитарни земји.

Според неодамна објавените владини податоци, САД лани продавале оружје во најмалку 57 отсто од автократските држави во светот.

Од крајот на Студената војна, Америка е најголемиот трговец со оружје во светот, со околу 40 отсто од вкупниот извоз на оружје во дадена година. 

Според официјалните податоци, во 2022 година од САД купиле оружје 142 земји и територии.

Колку од тие земји се демократии, а колку автократии? На тоа прашање може да се одговори со споредување на податоците за продажбата на оружјето со податоците од проектот Varieties of Democracy на Универзитетот во Гетеборг во Шведска, кој користи систем за класификација што го викаат „Режимите во светот“.

Системот ги класифицира режимите во четири категории: затворена автократија, изборна автократија, изборна демократија и либерална демократија.

Од 84 земји класифицирани како автократии, Америка им продавала оружје на барем 48, односно 57% .

Сличен заклучок се добива и ако се споредува со оценките на Фридом Хаус. Од 85 земји што тие не ги сметаат за демократии, САД лани им продавале оружје на 49 такви држави, или 58 отсто.

За крај:

Иако Трамп беше оној кој се чаталеше со своите трговски вештини околу продажбата на американското оружје, Бајден и сегашната администрација се оние кои газат.

Веќе во првата комплетна фискална година на Бајден, со 206 милијарди долари продадено оружје, тој ги надмаши рекордните износи од целиот мандат на Трамп (192 милијарди долари).

Драматичниот пораст на продажбата на оружје не може да се објасни со Украина и великодушните американски напори таа да се вооружи за војна со Русија, бидејќи руската инвазија се случи дури во петтиот месец од фискалната 2022 а и огромен дел од помошта за Украина е во форма на грантови (не продажба) и трансфер од резервите на Пентагон, со претседателски указ.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За Биљана Драгиќевиќ Пројковска награда за најдобра женска улога на Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“

Следно

(ВИДЕО) Ковачевски од Рејкјавик: Дискурсот на Бугарија кон С Македонија е сличен со оној на Русија кон Украина  

Latest from Blog

МАКЕДОНСКИТЕ ТАНЧЕРИ СО ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ВО СОЛУН

Претставниците на танцовиот клуб ТСК Ритам Плусостварија значајни резултати на престижниот WDSF Thessaloniki Dance Festival, пласирајќи се во финалните кругови и освојувајќи високи позиции во повеќе категории. Во конкуренција на врвни танчери од повеќе

Општина Прилеп ја презентира финалната фаза на Планот за одржлива урбана мобилност

Општина Прилеп е дел од проектната активност на Министерството за транспорт за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), во рамките на проектот за поврзување на локални патишта, со финансиска поддршка

Тоневски: Младите таленти се иднината на општина Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека учениците од СОУ „Н.Н. Борче“, кои постигнаа значаен успех освојувајќи награди на Државниот натпревар по географија. Тоневски упати искрени честитки до учениците, нивниот

ТРАМП ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНИ! Цените на нафтата повторно во пораснаа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека американските воени бродови и авиони заедно со воениот персонал ќе останат околу Иран сè до исполнување на, како што рече, вистинскиот договор. Предупреди дека ако
Go toTop