Охрид, можен „центар за помирување“ за Јужен Кавказ

May 15, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Северна Македонија, односно градот Охрид, може да биде местото каде што ќе се сретнат министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, на состанок што би имал цел да помогне во напорите за помирување и интеграција во регионот на Јужен Кавказ, јавува Анадолу.

Извори од Министерството за надворешни работи (МНР) на Северна Македонија, земја претседавач со ОБСЕ, велат дека министерот Бујар Османи ја иницирал средбата во својство на претседавач со ОБСЕ.

Според изворите, за средбата во таканаречениот „центар за помирување“ веќе се пратени три можни датуми за одржување на состанокот и во тек е комуникација и договарање со земјите.

Министерот и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, минатиот месец престојуваше во посета на регионот на Јужен Кавказ, каде што се сретна со неговите колеги и државниот врв на Азербејџан, Ерменија и Грузија.

При таа посета на регионот, водејќи се од мотото на ОБСЕ „За луѓето се работи“, тој ја нагласи важноста од решавање на долгогодишните прашања и нормализирање на односите во регионот, додавајќи дека најголема придобивка од одржливиот мировен договор ќе имаат граѓаните од регионот.

Според изворите, Северна Македонија преку функционалната мултиетничка демократија и решавањето на споровите преку дипломатски пат може да служи како позитивен пример и во поглед на интегрирањето на различните етнички заедници.

Градот Охрид веќе беше домаќин на состанокот на високо ниво од дијалогот Белград – Приштина. На 18 март оваа година, под покровителство на Европската Унија (ЕУ), во Охрид се сретнаа високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово.

Потсетуваме дека на 13 август 2001 година во Охрид се потпиша Рамковниот договор со кој се стави крај на вооружениот конфликт во Северна Македонија и се поставија рамки за меѓуетнички соживот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како гласаа Турците во Македонија – Киличдароглу води пред Ердоган

Следно

Претседателот Румен Радев ѝ го врачи првиот мандат на Марија Габриел

Latest from Blog

Македонските танчери со врвни резултати на престижен фестивал во Солун

Претставниците на танцовиот клуб ТСК Ритам Плусостварија значајни резултати на престижниот WDSF Thessaloniki Dance Festival, пласирајќи се во финалните кругови и освојувајќи високи позиции во повеќе категории. Во конкуренција на врвни танчери од повеќе

Проданоски: Учениците од „Ристе Ристески – Ричко“ се гордост на градот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во својот кабинет ги пречека учениците Теодора, Анастасија, Александра, Давид и Мартина од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, кои го освоија првото место на натпреварот

Симеоне: Резултатот е добар, но знаеме за што се е подготвена Барселона

Фото: Атлетико Мадрид Х Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го коментираше триумфот од 2-0 над Барселона во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Аргентинецот не беше пресреќен и рече

МАКЕДОНСКИТЕ ТАНЧЕРИ СО ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ВО СОЛУН

Претставниците на танцовиот клуб ТСК Ритам Плусостварија значајни резултати на престижниот WDSF Thessaloniki Dance Festival, пласирајќи се во финалните кругови и освојувајќи високи позиции во повеќе категории. Во конкуренција на врвни танчери од повеќе

Општина Прилеп ја презентира финалната фаза на Планот за одржлива урбана мобилност

Општина Прилеп е дел од проектната активност на Министерството за транспорт за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), во рамките на проектот за поврзување на локални патишта, со финансиска поддршка
Go toTop