Како гласаа Турците во Македонија – Киличдароглу води пред Ердоган

May 15, 2023
1 min read

Резултатите од претседателските избори, од 80 отсто обработени податоци, покажуваат дека за Кемал Киличдароглу гласале 757 лица или 51,81 отсто од гласачите, додека за реизбор на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган гласале 569 или 38,95 отсто од гласачите

Вкупно 4 107 лица во Скопје во Амбасадата на Р Турција излегле да го дадат својот глас на претседателските и парламентарните избори кои се одржаа вчера во Турција. Според објавените резултати, од досега преброените гласови, може да се види дека лидерот на опозицијата Кемал Киличдароглу води на изборите во Македонија.

Резултатите од претседателските избори, од 80 отсто обработени податоци, покажуваат дека за Кемал Киличдароглу гласале 757 лица или 51,81 отсто од гласачите, додека за реизбор актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган гласале 569 или 38,95 отсто од гласачите. Националистичкиот кандидат Синан Оган освоил 90 гласа или 6,16 отсто од гласовите, а Мухарем Инче 45 гласа 3,08 отсто од гласовите.

На парламентарните избори, од 60 отсто обработени податоци, во водство е Републиканска народна партија (ЦХП) предводена од Киличдароглу со 365 гласа или 31,71 отсто од гласовите, наспроти Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган која освоила 349 гласа или 30,31 отсто од гласовите.

Фото: Сабах

Турција оди во вториот круг на изборите откако претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите вчера оствари значителна предност пред својот ривал, но недоволна за потребното мнозинство.

Ниту Ердоган ниту кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу не добија 50 отсто и повторно ќе се соочат на 28 мај.

По преброените 97 отсто од гласачките ливчиња, Ердоган води со 49,39 отсто, а Киличдароглу има 44,92 отсто, јави државната новинска агенција Анадолу. Државната изборна комисија објави дека 49,49 отсто од гласачите гласале за Ердоган по преброените 91,93 отсто од гласачките ливчиња.

Третиот, националистичкиот кандидат Синан Оган, освои 5,3 отсто од гласовите и може да го одлучи победникот, во зависност од тоа кого ќе поддржи во вториот круг.

На парламентарните избори одржани паралелно со претседателските избори Народната алијанса, составена од исламистичката партија на Ердоган АКП, националистичката МХП и други, постигна подобар од очекуваниот резултат и е на добар пат да добие мнозинство. По пребројувањето на 93 отсто од гласачките ливчиња, се очекува тој да има 324 од вкупно 600 мандати.

Националната алијанса на Киличдароглу од шест опозициски партии, вклучително и секуларната Републиканска народна партија (ЦХП), основана од Ататурк, освои 211 места.

Алијансата за труд и слобода, предводена од прокурдската Зелено-левичарска партија, според сегашните податоци, ќе има 65 места во парламентот.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Џулијан Асанж, битката која не смееме да ја изгубиме

Следно

Охрид, можен „центар за помирување“ за Јужен Кавказ

Latest from Blog

Глувците не се од нехигиена, а децата се виновни за искршените тоалети, тврдат од општина Бутел

Глувците во училиштето „Панајот Гиновски„, во Бутел, не се од нехигиена, туку од изградба на градинка во близина, велат од Кабинетот на градоначалникот на општината. Оттаму тврдат дека искршените врати, ѕидови, умивалници

Фудбалер на Нотингем со урбенесна реакција: Салах потпиша? Заврши првенството…(ВИДЕО)

Ола Аина, фудбалерот на Нотингем Форест имаше интересна реакција кога дозна дека Мохамед Салах го продолжил договорот со Ливерпул. Египќанецот според новиот договор дресот на „црвените“ ќе го носи до крајот на

Македонски и грчки научници на трибина „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“

Во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” денеска и утре во Скопје се одржува Научна трибина „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“.

Лажна тревога за пожар во Дајмонд мол во Скопје

Лажна тревога за пожар ги исплашила предмалку посетителите во Дајмонд мол во Скопје, откако на разгласот им било посочено со внимание веднаш да го напуштат објектот низ најблиските отворени врати. Според она
Go toTop