МНР побара од Софија да се огради од изјавите на „маргинални политички фигури“ на чествувањето на Мара Бунева 

January 15, 2023
1 min read

Од Министерството за надворешни работи велат дека со големо внимание ги следат изјавите на одредени маргинални политички фигури од Република Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави

„Маргиналните политички фигури“, на кои алудираат од МНР, се однесува на претставниците на партијата ВМРО-БНД од Бугарија, конкретно на нејзиниот копретседател и европратеник, Ангел Џамбаски, кој беше главен говорник на чествувањето. Тој во своето обраќање пред присутните и овој пат не се воздржа од провокативната реторика околу историјата и односите меѓу двете земји

Министерството за надворешни работи по дипломатски канали реагирало и побарало од официјална Софија да се огради од недоличните изјави на „одредени маргинални политички фигури„ од Бугарија искажани за време на вчерашното чествување на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева на Кејот на Вардар во Скопје. 

Зградата на Министрството за надворешни работи/Фото: 360 степени

„Министерството, по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји“,

се наведува во соопштението на МНР. 

Оттаму велат дека со големо внимание ги следат изјавите на одредени маргинални политички фигури од Република Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави. 

„Маргиналните политички фигури“, на кои алудираат од МНР, се однесува на претставниците на партијата ВМРО-БНД од Бугарија, конкретно на нејзиниот копретседател и европратеник, Ангел Џамбаски, кој беше главен говорник на чествувањето.  

Тој во своето обраќање пред присутните и овој пат не се воздржа од провокативната реторика околу историјата и односите меѓу двете земји.   

Во тој конктекст, Џамбаски во дел од својот говор ги повика „владејачките елити во С Македонија да не ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната“. 

 Движејќи се кон местото, каде е поставена спомен-плочата на Мара Бунева на Кејот на Вардар во Скопје, со црвено-црвен транспарент со ликот на Иван (Ванчо) Михајло и натпис на истоимениот културен центар, присутните извикуваа „Бугари јунаци“ и „Мизија, Тракија, Македонија“.   

Со последниот слоган тие алудираа на трите географски области кои според националистичките бугарски кругови ја сочинуваат „Голема Бугарија“.  

На видеото на Фејсбук од ова дефиле, Џамбаски напиша „Еден народ! Две држави!“ 

Инаку, националистичката ВМРО-БНД на последните парламентарни избори во Бугарија не успеа да го мине изборниот праг и не освои ниту едно место во парламентот. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фернандеш: Не го користете моето име за да го нападнете Роналдо

Следно

(ВИДЕО) Нова битка во „војната“ за германски Луцерат – повредени 70 полицајци

Latest from Blog

Криволак воена вежба „брз одговор 2025“ – НATO и армијата подготвени за предизвиците во Eвропа

На армискиот полигон Криволак се одржува големата вежба „Брз одговор 2025“ позади мене може да ги забележите и учесниците повеќе од 2000 војници од САД, Црна Гора Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија

МЗ потпишало договор со уште лекари од скопските клиники за лекување на повредените од Кочани

Истрагата за големата трагедија во Кочани и понатаму причина за серија прес-конференции. Опозициската СДСМ и денес со обвинувања кон власта. Доволно време помина, институциите не си ја завршија својата работа, институциите на

Илјадници сириски бегалци се враќаат дома по падот на режимот на Асад

ИДЛИБ/ИСТАНБУЛ (АА) – По години поминати во страдање и тешки услови во бегалски кампови, илјадници сириски цивили почнаа да се враќаат во својата татковина откако во земјата се воспоставени мир и безбедност

Нов обид за една изборна единица – партиите начелно согласни, но секој излегува со свои предлози

Нов обид на помалите политички партии за промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи. Претседателката на Либерално демократската партија Моника Зајкова за Тв21 изјави дека денеска го поднеле

Избегната огромна трагедија во Србија: Целосно изгоре автобус во кој се превезувале деца

Автобус полн со ученици од основно училиште, денеска се запалил кај местото Криви Вир во близина на Боњевац во Србија, пренесува порталот Нова.рс. Снимките од лице место покажуваат дека автобусот целосно изгорел,
Go toTop