По повеќе од три години заврши глобалната здравствена вонредна состојба поради КОВИД-19

May 8, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – По силното влијание врз животите на луѓето и економиите низ светот повеќе од три години, пандемијата на коронавирусот повеќе не претставува глобална здравствена вонредна состојба, јавува Анадолу.

Соопштението беше објавено од Светската здравствена организација (СЗО) во петокот по препораката на Комитетот за вонредни состојби во четвртокот.

Пандемијата беше прогласена за вонредна состојба за јавното здравје од меѓународни размери на 30 јануари 2020 година.

По започнувањето на пандемијата во декември 2019 година, КОВИД-19 предизвика речиси 7 милиони смртни случаи, според СЗО.

СЗО, исто така, регистрира 765,2 милиони потврдени случаи на заразување со вирусот.

САД со 103,2 милиони случаи се на врвот на листата на земји со најмногу случаи на заразување, а потоа следуваат Индија со 44,9 милиони и Франција со 38,9 милиони случаи.

Другите земји со најмногу случаи се Германија (38,4 милиони), Бразил (37,4 милиони), Јапонија (33,7 милиони), Јужна Кореја (31,2 милиони), Италија (25,8 милиони), Велика Британија (24,5 милиони) и Русија (22,8 милиони).

Со 1,1 милион смртни случаи, САД повторно водат со најголем број смртни случаи, а потоа следуваат Бразил (701.494 смртни случаи) и Индија (531.564 смртни случаи).

Другите земји со висок број смртни случаи се Русија (398.366), Мексико (333.908), Велика Британија (224.106), Перу (220.122), Италија (189.738), Германија (173.044) и Франција (162.868).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Чавушоглу: „Средбата за Сирија на ниво на шефови на држави најверојатно ќе се одржи оваа година“

Следно

Леао неизвесен за пресметката против Интер

Latest from Blog

Турскиот претседател ги повика Азербејџан и Русија да покажат воздржаност поради тензиите

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги повика Русија и Азербејџан да покажат воздржаност поради зголемените тензии меѓу двете земји, истакнувајќи дека Анкара има „длабоки и стратешки врски“ и

Косовскиот парламент евакуиран поради добиена безбедносна закана

Зградата на Собранието на Косово денеска беше евакуирана по наредба на обезбедувањето, непосредно пред почетокот на 42-то продолжение на конститутивната седница. Пратениците кои беа во салата веднаш заминаа од парламентот, додека во
Go toTop