Зеленски во Хаг: Сите сакаме да го видиме Владимир овде

May 4, 2023
1 min read

Во март, МКС издаде налог за апсење на Путин поради сомневање дека депортирал деца од Украина, а Европската комисија објави дека во Хаг ќе се формира меѓународен центар за гонење на злосторствата за агресија во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин мора да биде изведен пред лицето на правдата за војната во Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Хаг, каде што е седиштето на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Во март, МКС издаде налог за апсење на Путин поради сомневање дека депортирал деца од Украина, а Европската комисија објави дека во Хаг ќе се формира меѓународен центар за гонење на злосторствата за агресија во Украина.

„Сите сакаме да видиме еден поинаков Владимир овде во Хаг, оној кој заслужува да биде санкциониран за своите криминални дејствија овде, во главниот град на меѓународното право. Сигурен сум дека ќе го доживееме тоа кога ќе победиме. Оној што води војна мора да биде осуден“,

рече Зеленски за време на неговата прва официјална посета на Холандија, мислејќи на Путин.

Русија, која не е членка на МКС и не ја прифаќа неговата јурисдикција, негира дека извршила злосторства за време на војната во Украина, која ја нарекува „специјална операција“ за „демилитаризација“ на својот сосед.

Претходно денеска Зеленски го посети Меѓународниот кривичен суд.

МКС соопшти дека посетата траела помалку од еден час, но не даде детали за што разговарале.

Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, украинскиот лидер посети многу главни градови, вклучувајќи ги Лондон, Париз и Вашингтон. Холандија силно ја поддржува Украина, а нејзиниот премиер Марк Руте во февруари рече дека не е исклучено да обезбеди и воена поддршка за Киев сè додека тоа не го доведува НАТО во конфликт со Русија.

Зеленски, кој претходно во текот на денот се сретна со холандски претставници, ќе има средби и со холандскиот премиер Руте и белгискиот премиер Александар Де Кро.

МКС може да суди геноцид во Украина, но нема јурисдикција над наводните злосторства извршени од Русија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Захарова: Западот е примарно одговорен за чекорите на Украина против Русија

Следно

Србија: Осуда за министерот за образование кој наместо оставка го обвинува канцерогеното влијание на интернетот, видео игрите и западните вредности

Latest from Blog

Дали новиот лидер на Иран е геј- во Белата куќа не можеле да престанат да се смеат, Трамп со урнебесна реакција

Американскиот претседател Доналд Трамп беше запрепастен кога минатата недела дозна дека американските разузнавачки агенции посочиле дека новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, можеби е хомосексуалец – и дека неговиот татко, покојниот

Трипуновски: Политиките ги креираме заедно со земјоделците, кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, стартува од општина Босилово

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостувањето во Дневникот на Алсат Телевизија говореше за кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, нагласувајќи дека директната комуникација со земјоделците е

Вајц бара Европскиот совет да ги расчисти дилемите околу Проколот со Бугарија

Правната служба на Европскиот совет итно да ги разјасни сите двосмислености околу правниот статус на вториот протокол од Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија во врска со процесот на
Go toTop