МНР: Познат е идентитетот на убиениот македонски државјанин во Бугарија, Амбасадата е во комуникација со надлежните органи

April 28, 2023
1 min read

Како што веќе објавија бугарските медиуми, македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата. Мажот бил избоден со колец

Според првичните информации што Амбасадата на Македонија во Софија ги добила од надлежните институции на Бугарија, во текот на вчерашниот ден во Бугарија е пронајдено безживотното тело на на И.Н. (49 години), државјанин на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за надворешни работи за „360 степени“.

„Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста. Воедно, Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби“,

додаваат од МНР.

Како што веќе објавија бугарските медиуми, македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата. Мажот бил избоден со колец.

Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата е пронајдено во шумска предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад.

По увидот на полицијата, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. Тој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. По извршени многубројни оперативно-претресни активности и процесно-истражни дејствија, меѓу кои распити, одземање видеоснимки од безбедносни камери на широк периметар, констатирано е дека извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Холивуд ја губи битката за Кина

Следно

Кривична за скопјанец – лажел дека е вработен во Армија

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop