Шојгу: Целта на Западот во Украина е да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

April 28, 2023
1 min read

Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на Шангајската организација за соработка во Индија рече дека САД и нивните сојузници се обидуваат да воспостават воена инфраструктура низ целиот регион, пренесува РИА

Откако руските проектили убија најмалку шест лица во Украина во текот на ноќта и утринава, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека „вистинската цел на западните сојузници во Украина е да ѝ нанесат стратешки пораз“ на Русија.

Шојгу денеска изјави дека Москва ја зголемува борбената готовност на своите воени бази во Централна Азија за да се спротивстави, како што рече, на обидите на САД да го засилат своето присуство во регионот, пренесе руската режимска новинска агенција РИА.

Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на Шангајската организација за соработка во Индија рече дека САД и нивните сојузници се обидуваат да воспостават воена инфраструктура низ целиот регион, пренесува РИА.

„САД и нивните сојузници, под изговор дека помагаат во борбата против тероризмот, се обидуваат да го обноват своето воено присуство во Централна Азија. Ги сметаме барањата до земјите од регионот за распоредување воена инфраструктура како директна закана за стабилноста во областа на Шангајската организација за соработка“,

рече Шојгу, додавајќи дека Вашингтон исто така се обидува да ѝ се закани на Кина.

Москва има воени бази во Киргистан и Таџикистан.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доколку дојде до неисполнување на проектот за модерно Скопје, товарот нема да е кај мене, вели Арсовска

Следно

Кина бара САД итно да го запрат продавањето оружје на Тајван

Latest from Blog

Трамп: Со Си Ѓинпинг РЕШИВМЕ МНОГУ ПРАШАЊА ШТО ДРУГИ НЕ МОЖЕА

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека разговарал со кинескиот претседател Си Ѓинпинг за војната во Иран, наведувајќи дека и двајцата се согласиле оти не сакаат Техеран да поседува нуклеарно оружје и

Лапе: Доказите укажуваат на прв сериски убиец во Македонија

Основното јавно обвинителство во Куманово денес објави дека со проширувањето на истрагата 25-годишнио маж од село Малотино за дури четири убиства и два обиди за убиства. Обвинителот Љубомир Лапе изјави дека истрагата

Челзи ќе го промовира Чаби Алонсо уште викендов?!

ФОТО: Real Madrid FC/FB И дефинитивно Челзи и Чаби Алонсо се поблиску до договор. Еден од порелевантните англиски весници – „Гардијан“, објави дека играчите на Челзи се возбудени околу идејата да соработуваат

Меџити: Без жените нема силно општество и успешна политика

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки
Go toTop