Навални обвинет за тероризам, поврзан со бомбашкиот напад во Санкт Петербург

April 27, 2023
1 min read

Новите обвиненија против Навални се однесуваат на активностите на неговата антикорупциска фондација и изјавите на неговите највисоки соработници, пишува Ен-би-си. Неговиот сојузник Леонид Волков рече дека обвиненијата ретроактивно ги криминализираат сите активности на фондацијата на Навални од нејзиното основање во 2011 година и носат потенцијална затворска казна до 35 години

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални (46) вчера изјави дека се соочува со нови обвиненија за екстремизам и тероризам кои би можеле да го стават зад решетки доживотно, пишува Ен-би-си. Навални има ново судење, а на рочиштето зборуваше преку видео врска од затвор.

Тој рече дека обвиненијата за тероризам се апсурдни и дека би можеле да го одведат во затвор на 30 години. Критичарот и противникот на рускиот претседател Владимир Путин истакна дека истражителот му рекол дека и тој ќе се соочи со одвоено судење пред воен суд под обвинение за тероризам. Тоа би можело да доведе до доживотен затвор.

„Обвинувањата имплицираат дека извршувам терористички напади додека седам во затвор“,

рече Навални.

Иван Жданов, клучен сојузник на Алексеј Навални, рече дека истражителите се обидуваат да ги поврзат обвиненијата за тероризам со бомбашкиот напад на почетокот на овој месец во кој загина рускиот воен блогер Владлен Татарски во Санкт Петербург. Навални, кој ја разоткри корупцијата во Кремљ и организираше масовни протести против руската влада, беше уапсен во јануари 2021 година откако се врати од Германија во Москва.

Тој беше во Германија додека се опоравуваше од труење со нервен агенс, за што Навални го обвини Кремљ. Навални најпрво доби 21-годишна затворска казна поради прекршување на условниот отпуст. Минатата година тој беше осуден на девет години затвор за измама и непочитување на судот. Тој моментално ја отслужува казната во затворот со висок степен на обезбедување кој се наоѓа на околу 241 километар источно од Москва.

Новите обвиненија против Навални се однесуваат на активностите на неговата антикорупциска фондација и изјавите на неговите највисоки соработници, пишува Ен-би-си. Неговиот сојузник Леонид Волков рече дека обвиненијата ретроактивно ги криминализираат сите активности на фондацијата на Навални од нејзиното основање во 2011 година и носат потенцијална затворска казна до 35 години.

Вчерашното рочиште во Окружниот суд Басмани во Москва беше одржано за да се разговара околу подготовките за судењето за екстремизам на Навални. Навални побара повеќе време да ги проучи 196-те списи на случајот. Судијата го затвори рочиштето неколку минути по неговото започнување, одлучувајќи дека рочиштето ќе се одржи зад затворени врати поради чувствителни информации.

Сослушувањето заврши откако Навални доби 10 дена да ги проучи досиејата. Се уште не е одреден датумот на судење.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Брисел го поздрави разговорот меѓу Ѓинпинг и Зеленски: Ова е важен чекор кој Кина требаше да го направи одамна 

Следно

Променет терминот за финалето во ФА Купот во кое играат Јунајтед и Сити

Latest from Blog

Кои се сестрите Надер? Ги нарекуваат новите Кардашијан

Серијата во голема мера се потпира на проверена и вистинита формула: атрактивните сестри се ослободуваат од традиционалното воспитување, минуваат низ јавни раскинувања, лансираат модни линии и се караат пред камерите за време

Поранешниот голман на Арсенал го купува славниот клуб од Минхен и ќе гради нов стадион

фото: Sky Sports UK (X) Поранешниот голман на Арсенал и на германската репрезентација, Јенс Леман, ќе стане ко-сопственик на германскиот третолигаш Минхен 1860, објави „Абендцајтунг“. Според изворот, поранешниот голман е сериозно решен

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв
Go toTop