„Скопје е навистина убав град и туристите го потврдуваат тоа“ – Пет места што секој турист треба да ги посети во Скопје

April 14, 2023
1 min read

„Убав град кој треба да се посети“, „Магична дестинација на Балканот“, „Исторски град со богата култура и традиција“, вака странците и туристите го опишуваат Скопје и најчесто ова се коментарите на социјалните мрежи. Но, често ние и туристите имаме дилема кои се најважните локации кои треба да се посетат во градот.

На наша иницијатива, но и задоволство блогерката Софија Јанева, на својот инстаграм профил направи интересна листа на локации кои секој треба да ги посети во Скопје. Одлична за споделување со вашите пријатели и инспирација за овој или некој од продолжените викенди кои следат. 

Листата на Софија започнува со Камениот мост,  кој претставува една од најзначајните знаменитости на градот.  Продолжува со Плоштадот Македонија локација која е интересна за туристите и на која се организираат речиси сите хуманитарни акции, културни настани на отворено, концерти. Подолу на листата се наоѓа и Градски Парк Скопје кој се смета за најубавиот јавен парк во главниот град.

На листата се наоѓаат и Старата Скопска чаршија која се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар, а веднаш до неа е Тврдината „Кале“ која е најстариот симбол на градот.  

Скопје е навистина убав град, а туристите го потврдуваат тоа. Ние и Софија ги покануваме почесто да ги посетуваат туристичките места, бидејќи градот навистина има што да понуди и за периодот што следи најавуваме уште многу интересни предлози и соработки. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Џек Тешеира денеска ќе се појави пред суд за протекувањето на доверливи документи од Пентагон

Следно

Одлуката на Уставен за работната недела е основ за кривичен прогон на Ковачевски и Груби во случајот со коридорите 8 и 10-д, вели ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член

Јуни под двоен фокус: од матни скандали до бистри пресврти во антикорупциската битка

Во своето месечно огледало за јуни, „Транспаренси интернешнл-Македонија“ го опишува државниот апарат како ветровит ден на езеро: на едната страна водата се заматува од скандали и стари навики, на другата се чисти

Новиот грчки министер за миграции смета дека е во ред да се убиваат мигранти на граница (ВИДЕО)

Танос Плеврис, радикален десничарски пратеник познат по своите забелешки за Аушвиц и убивањето мигранти, е именуван за нов министер за миграција. Тој го наследува Макис Воридис, најистакнатиот функционер кој поднесе оставка во
Go toTop