Четвртфинале на Лигата на шампиони: Манчестер Сити и Интер извојуваа победи во првите натпревари

April 12, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) 

Фудбалерите на Манчестер Сити и Интер остварија вредни победи во првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампиони што се одиграа синоќа, известува Анадолу.

Манчестер Сити славеше на домашен терен со резултат 3:0 против Баерн од Минхен и направи голем чекор за влез во полуфиналето.

„Граѓаните“ поведоа со прекрасниот погодок на Родриго во 27. минута од средбата. На 2:0 зголеми Бернардо Силва во 70. минута по прекрасниот центаршут на Ерлинг Халанд, кој со погодок во 77. минута ги постави конечните 3:0.

Во вториот натпревар што се одигра синоќа, Интер извојува голема победа во Лисабон, совладувајќи ја Бенфика со погодоците на Никол Борел во 51. минута и на Ромелу Лукаку од белата точка во 82. минута.

Резултати од првите средби во Лигата на шампиони:

Манчестер Сити – Баерн Минхен 3:0

Бенфика – Интер 0:2

Вечерва на програмата се преостанатите две средби во кои се среќаваат Реал Мадрид – Челси и Милан – Наполи. И двата натпревари започнуваат во 21:00 часот.

Реванш-средбите од четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони ќе се одиграат на 18 и 19 април.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папата Франциск сака да се расветли мистеријата на девојката од Ватикан која исчезна пред 40 години

Следно

Во Скопје за еден ден изречени 203 казни за возачите

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Благодарност до Лосон за неговиот придонес во економската соработка

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Димитриеска-Кочоска му се заблагодари на амбасадорот за
Go toTop