Голем пожар во Хамбург, градот се гуши во чад (ВИДЕО)

April 9, 2023
1 min read

Огромен пожар изби во германскиот град Хамбург, а облак полн со хемикалии се шири низ градот.

Се запали камионска постојка, утрово околу 4:30 часот, во Хамбург. Огнот забрзано се шири, а полицијата ги предупреди жителите дека во правец на градот се движи силен чад. На местото на пожарот наводно истекува водород сулфид. Како што пишуваат германските медиуми изгорена е целата станица, а пожарникарите на местото на пожарот можат да пристапат само со маски. Во околината се уште одекнуваат детонации. Граѓаните од населбата Ротенбургсорт добија официјална препорака да ги затворат прозорците и вратите бидејќи може да бидат погодени од димни гасови и хемиски соединенија во воздухот. Затворен е и патот во околината на градот во двата правци за да можат пожарникарите да бидат поефикасни во гаснењето на пожарот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Се урна зграда во Марсеј по силна експлозија, најмалку пет лица се повредени

Следно

Метеоролозите имаат лоши вести: Какво време нé очекува за трите продолжени викенди кои следат?

Latest from Blog

Виткоф: Тамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал“ под притисокот од САД

Претседателот на САД Доналд Трамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал“ и не се согласил да ја ограничи својата нуклеарна програма, со оглед на тоа што Вашингтон акумулира огромни воени

Минималната плата, инфлацијата и реалноста на македонското стопанство

Деновиве во државата се води жестока дебата, проследена со радикализација на активностите на таканаречените „државни синдикати“, кои бараат зголемување на минималната плата со цел работниците да можат да ги следат растечките трошоци

Иванов: Треба да го прифатиме економското интегрирање во ЕУ, но и ние секој ден и подаруваме по 500 000 евра

Со оглед дека Европската Унија продолжува со својата недоследност и стратегија на подвижни цели, листата на неостварени очекувања постојано се зголемува. Меѓутоа, доколку навистина се стави на маса проект којшто ќе оозможи

Проданоски: Прилеп повторно достоен домаќин на меѓународен карневал

Прилеп во изминатите два дена беше во знакот на традицијата, радоста и заедништвото, одбележувајќи значаен двоен јубилеј – 25 години од Карневалот „Прочка“ и 100 години од „Прилепски мечкари“. Градоначалникот Дејан Проданоски
Go toTop