Тага во Вест Хем, почина претседателот на клубот

January 4, 2023
1 min read

Дејвид Голд, еден од двајцата претседатели на Вест Хем, почина денес на 87-годишна возраст, објави фудбалскиот клуб.

-Со длабока тага Вест Хем може да потврди дека еден од претседателите на клубот, Дејвид Голд, почина мирно утрово по кратко боледување, соопштија од клубот.

-Сите ние во клубот, со длабока тага и скршено срце жалиме за смртта на нашиот колега и пријател Дејвид“, изјави Дејвид Саливан, кој ја дели функцијата претседател на клубот со Голд.

-Од целата наша заедничка работа, ниту една не ни донесе толку среќа и не направи толку горди како денот кога го презедовме Вест Хем, нашиот клуб, во 2010 година. Дејвид има долга и нераскинлива врска со клубот, растејќи покрај Бојл Граунд и играјќи за клубот во младинските редови. Тој секогаш го сакаше само она што е најдобро за Вест Хем и неговата смрт е тешка и огромна загуба за сите нас, додаде Саливан.

Дејвид Голд е роден на 9 септември 1936 година. Тој беше претседател на Бирмингем до 2009 година, а од 2010 година до неговата смрт беше копретседател на Вест Хем.

По кратко боледување почина во својот дом опкружен со најблиското семејство.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цеца ја започна традицијата на астрономски хонорари во Будва: Новогодишната програма сега чинеше половина милион евра

Следно

Несреќа во Бугарија: Пожар избувна во патничкиот воз Варна – Софија

Latest from Blog

Израел детонираше 1.100 тони експлозив во Либан, предизвикувајќи ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,1 ПО РИХТЕР

Во четвртокот вечерта, Израел спроведе операција на ридот Али Тахер, стратешки рид јужно од Набатија. Моќните експлозии испратија ударни бранови низ јужен Либан и предизвикаа земјотрес со магнитуда од 4,1 степен. Според

Венс добил шокантни информации

Сликата што ја доби се разликува од официјалната верзија што ја промовираше Доналд Трамп. Како што откри „Њујорк тајмс“, Венс добил катастрофални информации од командантите за ситуацијата во американската војска, во контекст
Go toTop