Внукот на Кенеди ќе го предизвика Бајден: Влегува во трката за претседател на САД

April 6, 2023
1 min read

Познат е како адвокат за заштита на животната средина, но и како антиваксер. Неговиот чичко беше претседател од 1961 до 1963 година, кога настрада во атентат. Татко му, пак, беше министер за правда во администрацијата на Џон Кенеди, а се обиде и тој да стане претседател, но беше убиен во текот на кампањата

Роберт Кенеди Помладиот / Фото: EPA/ANTHONY BEHAR

Роберт Кенеди Помладиот, внук на поранешниот претседател на САД, Џон Кенеди, влегува во трката за претседател на САД во 2024 година.

Тој ја поднесе документацијата за да биде кандидат на демократите, партија од која доаѓа актуелниот претседател Џо Бајден.

69-годишникот е син на братот на Џон Кенеди, Роберт Кенеди. Во јавноста е познат како адвокат за заштита на животната средина, но и како отворен борец против вакцините. Поради постојано споделување наводни „откритија“ за вакцините, во 2021 година беше избришан и неговиот профил од социјалната мрежа Инстаграм.

Тој ќе треба да ја добие довербата прво во рамки на Демократската партијата. Пред да го изберат својот кандидат, и демократите и републиканците спроведуваат внатрепартиски натпревар т. н. прелиминарни избори. Своја кандидатура за реизбор претходно најави и Бајден, а Кенеди во оваа трка, како што пишуваат медиумите, влегува како аутсајдер.

Роберт Кенеди Помладиот е син на братот на Џон Кенеди, Роберт Кенеди. Таткото беше дел од администрацијата на Џон Кенеди, му беше еден од најблиските советници и министер за правда во неговата владата.

И по смртта на брат му, Роберт Кенеди остана министер, а во 1964 година беше избран за сенатор од државата Њујорк. Му припаѓаше на либералното крило во Демократската партија, а се обиде да стане и претседател на САД, но во текот на кампањата загина во атентат кој го изврши јорданскиот затвореник Сирхан Сирхан.

Џон Кенеди, пак, како што е познато, беше претседател на САД од 1961 до 1963 година, кога на 22 ноември загина во атентат во Тексас. Тој беше најмладиот претседател во историјата на САД и прв римокатолик на функцијата.

Сега, внукот на поранешниот претседател, односно синот на поранешниот сенатор, Роберт Кенеди Помладиот, се очекува официјално да ја започне својата кампања на почетокот на летото.

Пред поднесувањето на документацијата за изборната трка, тој во март на Твитер објави дека размислува да влезе во трката за претседател.

„Ако се кандидирам, мојот главен приоритет ќе биде да се стави крај на коруптивното спојување меѓу државната и корпоративната моќ што ја уништува нашата економија, ја уништи средната класа, ги загади нашата природа и водите, ги отру нашите деца и ги ограби“,

рече Кенеди Помладиот.

Тој е вториот демократ што го предизвикува Бајден во внатрепартиската трка. На почетокот на март официјално својата кандидатура ја најави и авторката Маријана Вилијамсон, која ваков обид имаше и во 2020 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сомалија ќе печати пари првпат после 32 години

Следно

Работниците-штрајкувачи од париската канализација натрупаа мртви стаорци пред градската општина

Latest from Blog

Германија иницира формирање центри за враќање мигранти во трети земји

Според германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринд, работната група, во која, покрај Германија, ќе учествуваат и Австрија, Данска, Грција, Холандија, како и Европската комисија, ќе треба да изготви план со „иновативни

Арсенал со 20 милиони евра и дефинитивно тргнува по несудениот македонски репрезентативец!

ФОТО: FK Crvena zvezda/FB Мега – талентот на Ц. Звезда, Василије Костов, иако има само 17 години е пик на речиси сите поголеми клубови во Европа. Несудениот македонски репрезентативец, детето кое по

Божиновска од СЕУ „Михајло Пупин“: Инвестициите во стручното образование се инвестиции во енергетската иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го посети Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, каде што се запозна со условите во кои учениците се обучуваат за идните професии во

One Macedonia доби официјална лиценца, со што започнува значаен пресврт во дигиталната иднина на Северна Македонија

(Скопје, 23.01.2026) – One Macedonia, подружница на унгарската 4iG Групација, официјално ја доби националната лиценца за работа како трет мобилен оператор во земјата. Лиценцата денеска свечено беше врачена на церемонија организирана од Агенција за
Go toTop