Во Бугарија уапсен малолетник за десетици дојави за бомби во школи

April 6, 2023
1 min read

Полициските инспектори сè уште го истражуваат мотивот на осомничениот

Во доцните часови вчера, вработените во Управата за сајбер криминал при бугарската полиција привеле 17-годишен тинејџер од Бургас поради испраќање дојави за бомби до училиштата во Бугарија, објави 24 часа.бг.

Малолетникот користел анонимна услуга за да испрати десетици закани за бомби преку имејл до училишта низ цела Бугарија на 28 март 2023 година и во деновите после тоа.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, полицијата запленила мобилни телефони и компјутери кои наводно биле користени за испраќање на заканите.

Полициските инспектори сè уште го истражуваат мотивот на осомничениот кому му е одреден притвор во траење од 24 часа.

Бугарските школи изминатите денови, исто како што беше случај и во Северна Македонија и во други земји од регионот, беа мета на анонимни дојави за поставени бомби.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бесплатни совети и поддршка за жртвите на семејно насилство од Ѓорче Петров

Следно

Министерот за одбрана на Украина во посета на Атина

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop