Чеферин: Фудбалот бил и секогаш ќе биде народен спорт

April 5, 2023
1 min read

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, предупреди денеска дека на фудбалот му се заканува распродажба, поради константните закани за формирање Суперлига и поради сè поголемиот број инвеститори во овој спорт.

„Овде имаме два спротивставени погледи на светот. Имаме цинизам пред морал. Имаме себичност пред солидарност. Имаме алчност пред добронамерност. Преокупација со своето јас пред отвореност пред другите. Сопствен интерес пред алтруизам. Срамни лаги пред вистина. Наследници пред градители. Картел пред меритокрација и демократија. Цени на акции пред спортски заслуги. Потрага по профит пред трка за трофеи“, рече Чеферин во обраќањето на Извршниот комитет на УЕФА во Лисабон, на кој денеска беше резибран за претседател на Европската куќа на фудбалот.

Првиот обид за формирање Суперлига, замислена како паралелно натпреварување на Лигата на шампиони од 12 клубови од Англија, Шпанија и Италија, пропадна само неколку денови по иницирањето, но Реал Мадрид, Барселона и Јувентус не се откажаа и го изнесоа случајот пред Европскиот суд на правдата, тврдејќи дека УЕФА нема право да ги санкционира клубовите кои формираат конкурентско натпреварување, како што европските фудбалски челници се заканија дека ќе го сторат.

„Мораме да го разбиеме митот дека приватизацијата на фудбалот е незапирлив процес. Тоа денес е опасност, како што гледаме, но заедно ќе го смениме текот на историјата. Фудбалот е и секогаш ќе остане народен спорт“, порача 55-годишниот Чеферин.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хависто: Билатералните прашања не треба да бидат дел од процесот на проширување или преговорите со ЕУ

Следно

Најмалку 21 жртва во поплавите во Сомалија

Latest from Blog

Европските купувачи преговараат за набавка на канадски течен гас преку Панамскиот канал

Европските купувачи размислуваат за купување течен природен гас од канадскиот брег на Пацификот и негов транспорт преку Панамскиот канал, како дел од долгорочната стратегија за диверзификација на снабдувањето, која доби на значење

Битка за работници: Како хрватскиот ценовен шок стана спас за македонскиот туризам

Наместо пакување куфери за Јадранското приморје, голем дел од младите кадри годинава решија да останат во домашните објекти, а анализите покажуваат стагнација на трендот на заминување на сезонска работа во странство вели

ЛЕ и ЛК 1/4 финале: „Шумарите“ го елиминираа Порто, познати се полуфиналните двојки!

ФОТО:.facebook.com/officialnffc/ Вечерва на програмата беа сите реванш натпревари од 1/4 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. Секако дека најинтересно беше на мечот меѓу некогашните европски прваци, Нотингем Форест и
Go toTop