Новинската агенција Анадолу, сигурен извор на вести повеќе од еден век

April 5, 2023
2 mins read

АНКАРА (АА) – Новинската агенција Анадолу, која повеќе од еден век обезбедува содржини за домашната и меѓународната јавност, како агенција која работи во 144 земји, објавувајќи содржини на 13 јазици, вклучително и на турски, продолжува да биде сигурен извор на вести.

Анадолу е основана на 6 април 1920 година, 17 дена пред отворањето на Големото национално собрание на Туркије, по инструкции на Мустафа Кемал Ататурк, за да биде гласот на Анадолија во светот за настаните од Војната за независност.

Оваа новинска агенција повеќе од еден век обезбедува вистинити и веродостојни вести на домашната и меѓународната јавност.

Со повеќе од 4.000 вработени од 139 различни националности, Анадолу дневно објавува во просек повеќе од 1.000 вести, повеќе од 4.000 фотографии, 15 инфографици, 357 видеа и 54 мултимедијални содржини.

Анадолу, која е меѓу највлијателните и најпочитуваните новински агенции во светот, на своите претплатници им ги носи најновите содржини од најтурбулентните светски подрачја и прави разлика со вестите и визуелните содржини, особено во географските подрачја каде што е тешко да се изврши новинарска работа.

Анадолу се следи со голем интерес не само во Туркије, туку и во светот, пред сè за вести, фотографии и видеосодржини што им се сервираат на претплатниците на 13 јазици, турски, англиски, арапски, руски, француски, шпански, сорани, персиски, индонезиски, босански, албански, македонски и курманџи.

Агенцијата Анадолу, која произведува најголем дел од фотографиите и вестите објавени во медиумите и весниците во Туркије, е на услуга на своите претплатници, особено со преносите во живо на многу важни места во светот. Новинската агенција емитува важни состаноци и други настани за претплатниците, а дневно емитува во просек по 22 преноси во живо од различни делови на светот.

Пружајќи услуга на претплатниците 24 часа дневно, седум дена во неделата благодарение на глобалната дописничка мрежа, Анадолу има 85 канцеларии во 81 области во Туркије, како и канцеларии на 39 претставништва во странство, а моментално работи во вкупно 144 земји.

Воспоставувајќи соработка со други за да ја зголеми ефикасноста во меѓународната арена, Анадолу обезбедува фото и видеосодржини на голем број светски телевизии преку партнерства со глобалните новински агенции како што се Ројтерс, АФП, Гети Имиџис и ДПА.

– Успехот на АА во известувањето од терен –

Како меѓународна новинска агенција, презеде важни чекори за зајакнување на својот бренд, а особено успешните активности во областа на теренското известување во нејзината 103 година од постоењето се подигнати на уште повисоко ниво.

Достигнувајќи годишна содржина од 2,1 милион во 2022 година, дневното производство на содржини во Анадолу беше во просек околу 5.000.

Ефикасноста и важноста на Анадолу во известувањето од терен на меѓународно ниво дојде до израз особено за време на војната меѓу Русија и Украина.

Анадолу, како меѓународна агенција со најмногу дописници во воената зона, ги следеше воените настани во регионите под контрола и на Русија и на Украина и ги објави најкритичните настани од теренот.

Во тој контекст се произведуваат различни содржини кои ги опфаќаат како воените конфликти, така и трагедијата на миграцијата за време на војните, како и моменталните случувања во областа на дипломатијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) „Убиец“, „затвор“, му викаа оштетени пациенти на Жан Митрев пред Кривичен, судењето повторно се одложи

Следно

Кривична пријава за вработена во Катастар која ја злоупотребила службената положба

Latest from Blog

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53
Go toTop